Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Во изминатите седум години го свртевме правецот од изолација и безнадежност во членка на НАТО и преговори со ЕУ

0
By Marija Todorovska on January 11, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Во изминатите седум години го свртевме правецот од изолација, од позиција на безнадежност во евроатланските интеграции денеска сме членка на НАТО и преговараме за членство во ЕУ. 2022 година беше пресвртна точка, за жал бевме доведени во една ситуација во која и покрај тоа што заслужено требаше да ги започнеме преговорите, од внатрешни причини на Европската Унија а потоа и прашањето коешто го отвори Бугарија бевме доведени во ситуација во јули 2022 година да го постигнеме оној компромисен француски или европски предлог којшто ни овозможи да ги почнеме преговорите за првпат по седумнаесет години“, изјави Бојан Маричиќ вицепремиер за европски прашања во утринското гостување во емисија на „Слободен печат“.

Тој додаде дека нашата земја го добила тоа што го барала и заслужувала долго време. 

„Како еден од условите за продолжување на преговорите по фазата на скринингот беа и уставните измени. Ние можеме да бидеме сосема задоволни и без задршка да си честитаме за она што го постигнавме во последните две години. Го започнавме и завршивме процесот на скрининг, од 15 месеци, којшто воопшто не е ниту едноставен ниту лесен процес. Напротив, тоа е комплексен процес кој опфати илјада луѓе, наша делегација, кои поминаа низ тие состаноци, 100 работни дена, 850 презентации, 200 институции. Тоа е една обемна операција која ни донесе јасна слика до каде сме и што треба да направиме“, потенцираше Маричиќ.

Тој додаде дека луѓето коишто активно учествувале во скринингот не се обични граѓани туку луѓе врз коишто почиваат институциите без разлика што администрацијата е предмет на критика, но дека таму биле добри луѓе без кои државата не може да функционира.

„Во тие илјада луѓе, јас знам лично голем дел од нив бидејќи лично бев присутен на најголем дел од скрининзите. Навистина доаѓаат од сите партии или не доаѓаат од ниту една, но сите работеа тимски за истата цел. Администрацијата е посвесна од политичарите од опозицијата коишто одбиваа отворени покани од наша страна да земат поактивно учество во целиот тој процес дури и националниот совет за европски интеграции којшто има надлежности во тој дел. На крајот од скринингот имавме фаза на консултации за патоказите кои се услов за да можеме да го отвориме првиот кластер. Патоказите за владеење на право и реформи во јавната администрација коишто се разгледаа на Собранието на заедничка седница на националниот совет за евроинтеграции и комисија за европски прашања и беа едногласно поддржани и така владата ги испрати во Брисел“, посочи Маричиќ.

Тој заклучи дека кога се има волја може на дело да се покаже дека заеднички се работи за истата цел. Тој модел е пожелно да се постави како пракса во наредниот четиригодишен период, на наредниот мандат на оваа влада, односно да постои конструктивна соработка со опозицијата.

ЕУ маричиќ НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.