Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Во октомври ќе се знае кој е за брзо членство во ЕУ, а кој за вадење на државата од европскиот колосек

0
By Marta Pesevska on September 10, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Маричиќ: Имаме видлива европска перспектива, на нас е сега со одговорни одлуки да ја достигнеме. Од нас се очекува напредок кон ЕУ со реформи, дијалог и консензус кога станува збор за европската иднина на македонските граѓани./Фото:Влада.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ќе се интензивира комуникацијата со секој пратеник во наредниот период. Ние очекуваме до септември-октомври јасно да се издвојат двата политички блока, едниот којшто е за членство во ЕУ што побрзо и другиот којшто е против членство во ЕУ и којшто смета дека имаме време за чекање. Чекањето е стратегија што ќе ја испразни нашата земја од млади луѓе и којашто ќе ја убие надежта за ЕУ, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервјуто за „Специјал на денот“, на МРТВ 2.

Маричиќ укажа дека доколку навистина сакаме да продолжиме со државите кои преговараат и да се задржиме со тој пакет, за да имаме шанса за влез до 2030 година, уставните измени се првата точка, првата одлука.

– Направивме сè, правиме и ќе направиме до крајниот рок да бидат донесени овие уставни измени. Сметам дека ќе успееме зошто другата опција е да се тргнеме од овој колосек на државите кои веќе преговараат, како што се Црна Гора, Албанија и Србија и да останеме во една групата држави кои се многу далеку од преговорите. Босна и Херцеговина минатата година доби кандидатски статус, Косово е во една сосема друг процес за нормализација на односите со Белград, минатата година ја поднесе апликацијата за членство. Ние тие фази одамна сме ги поминале, вели во интерјвуто Маричиќ, информираат од неговиот кабинет.

Вицепремиерот е оптимист дека сите пратеници во Собранието ќе разберат во каков поволен момент се наоѓа Северна Македонија, бидејќи како што кажа Маричиќ, „јасни се сигналите дека 2030 е реален рок и достижен, но тоа не значи дека ни е даден на сите, зависи како ќе се поставиме ние“.

– Нашата битка е да останеме во пакет со Албанија, да забрзаме и да ги стасаме оние земји кои веќе преговараат 10 години. Нашата цел е наредниот пат кога ќе се отвори вратата за членство во ЕУ ние да бидеме тие што ќе влеземе. Тоа зависи само од нас во моментов и од тоа како ние ќе си ги сфатиме задачите и како ќе ги завршиме задачите. Нема веќе други коишто ќе нè спречуваат да одиме напред, само ние со внатрешната блокада или со неизвршување на задачите и незавршување на реформите може да се доведеме самите во категорија на држави коишто имаат сериозни структурни внатрешни проблеми, посочи Маричиќ.

За уставните измени Маричиќ смета дека не треба да бидат пречка за продолжување на преговорите со ЕУ, затоа што, како што посочи, со нив не се менуваа ништо суштински, се додаваат само неколку заедници, на овие кои веќе се воведени со Охридскиот рамковен договор од 2001 година, и дека одговорноста е јасно лоцирана кај опозицијата и кај пратениците кои треба да гласаат.

– Видовме дека Преговарачката рамка е доволна гаранција за заштита на сите наши граѓани и сите наши заедници. Видовме дека преговарачката рамка е таа што ни зацртува пат кон ЕУ и колку повеќе се трудиме побрзо можеме да влеземе во ЕУ, рече Маричиќ, изразувајќи верување дека со верба и напорна работа можеме да станеме членка на ЕУ до 2030 година.

Извор: МИА

ЕУ маричиќ уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.