Холандската амбасадорка Мариет Шурман од Скопје заминува на висока функција во НАТО. Во наредните четири години таа ќе биде на функцијата Специјален претсавик на НАТО за жени, мир и безбедност.
Мариет Шурман на оваа висока функција ќе ја земени Норвежанката Мари Скаре која својата наследничка и официјално ќе ја најави денска на маргините на самитот на НАТО во Кардиф.
Шурман на новата НАТО функција ќе ја координира имплементацијата на Резолуцијата 1325 која ја дефинира улогата на жените во текот и по воените судири како и нивната улога во политичкиот дијалог и мировните процеси. Резолуцијата 1325 произлегува и од потребата за подобра заштита на жените од сексулано насилство за време на конфликтите.
Министерот за наводрешни работи на Холадија, Франс Тимерманс изјави дека неговата земја дава посебно значење на улогата на жените во вооружените судири како и во меѓународните мировни мисии.

