Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мариет Сурман: Македонија заостанува и не ги исполнува своите обврски

0
By Нова ТВ on May 11, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 11, 2014 11:09

Aмбасадорка на Холандија, Мариет Схурман во неделното интервју на Радио Слободна Европа, предупредува и укажува на опасностите од заостанувањето на Македонија во демократксите процеси. Кометирајќи ги изборите Сурман вели дека Македонија не ги исполнува своите обврски превземени со членството во ОБСЕ.

“Мирен изборен ден не е стандард за европска земја каква што е и Македонија. Македонија е членка на Советот на Европа и како членка на ОБСЕ има преземено обврски да обезбедува основни слободи и права, вклучувајќи го и избирачкото право и извештајот на ОДИХР е многу јасен во кои обврски и меѓународни стандарди Македонија сè уште заостанува и не ги исполнува своите обврски” вели холандската амбасадорка Мариет Схурман во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Спроведување на изборни циклуси во кои не се имплементираат забелешките на ОБСЕ според Сурман оставаат впечаток на лажна демократија.

“Извештајот на ОДИХР, како и нивниот претходен извештај, е многу конзистентен околу овие прашања. Недостига рамноправен терен за натпревар, недостига одвојување на партиските активности од државата, а исто така и доверба во избирачкиот список и неефективно одговарање на жалбите кои ги поднесуваа граѓаните. Овие коментари, како што реков, се даваа постојано во претходните извештаи на ОДИХР во последниве неколку години и мислам дека е крајно време тие да бидат потенцирани затоа што довербата во функционирањето на парламентарната демократија базирана на владеење на правото треба да се врати. Мислам дека препораките на ОДИХР треба да се гледаат од таа перспектива, како препораки како да се врати довербата во системот затоа што мислам дека без доверба во системот, без соодветен одговор на жалбите и без доверба од страна на граѓаните дека тие можат целосно да партиципираат и имаат право на глас каде ќе се движи земјата, демократијата не може да функционира и имаме лажна демократија” вели холандската амбасадорка Мариет Схурман во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Во интервјуто амбасадорката на Кралството Холандија предупредува на заостанувањето на Македонија во однос на клучните Копенхашки критериуми.

“Ако го читате извештајот за напредокот во последниве години, многу е јасно околу што е главната загриженост, како што реков, фундаменталните принципи, копенхагенските принципи на функционирање на слободната пазарна економија, доброто функционирање на институциите кои гарантираат демократија и владеење на правото што ги подразбира и независноста на парламентот, на судството и на медиумите. Ова се клучните критериуми што треба да бидат исполнети, а околу нив постои и клучната загриженост. И мислам дека јасно ја покажавме нашата загриженост дека Македонија во овие области се враќа назад. Мислам дека е важно да се каже дека е повеќе од обична перцепција ако ги набљудувате индикаторите што доаѓаат од повеќе медиуми, слободата на медиумите, во последните десет години, Македонија драматично назадува во овие индекси. Тоа е повеќе од само перцепција и мора да сме сигурни дека трендот ќе се смени, а слободата на изразување, слободата на медиумите е обезбедена, затоа што тоа е клучен принцип на демократијата” холандската амбасадорка Мариет Схурман во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.