Полициски службеници, во текот на изминатата ноќ за време на одржување на музичка манифестација во Стар Дојран, извршиле контрола и привеле 18 лица поради поседување дрога.
„Приведени се М.Ж. (26), Ф.П. (25), Ж.Н. (26), К.Ј. (28), Ј.Р. (21), Д.Т. (22) и Ф.П. (34), сите од Скопје, И.Г. (25) од с. Кадино, општина Илинден, А.С. (26) и В.Б. (26) од Кавадарци, А.П. (26) и З.Т. (46) од Неготино, А.У. (23) и Ј.У. (30) од Нов Дојран, Ј.С. (19) од Тетово, С.И. (22) од село Ињево, радовишко, Р.Ј. (43) од Богданци и М.К.Е.(64) од Јамајка. При преглед, кај лицата биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин и екстази“, соопшти МВР.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.