Кај еден пациент во боничкиот кревет во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид била пронајдена еден килограм марихуана.
Полицијата уапси и седум македонски и еден албански државјанин кои препродавале марихуана во охридскиот регион.
Запленети се 65 килограми марихуана, 10.000 евра и еден пиштол. Како што информираат од МВР, дрогата ја препродавале на дилери во близина на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“.
Од МВР велат дека дрогата во Македонија е внесена од Албанија. На црниот пазар малопродажната цена на запленетата марихуана изнесува околу 130.000 евра.