Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Марјан Ѓорчев: Проширување на ЕУ во „слепа улица“, структурните реформи приоритет за државата!

0
By Marija Todorovska on June 12, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 12, 2024 13:36

„За нас како држава сè се сведува да си се грижиме за структурните реформи, како неопходен чекор за подобар живот на граѓаните, да го зајакнеме економскиот општествен подсистем со годишен раст од над 4% и барање поголема финанасиска подршка од европските грантови“, вели во изјава за „Фронтлајн“, Марјан Ѓорчев – поранешен амбасадор во Софија, зборувајќи за новата реконфигурација на Европскиот парламент и интегративниот пат на земјата кон ЕУ.

– Новиот ЕУ Парламент го задржа мнозинството пратеници, над 400. ЕПП има 186, СПД 135, Либералите (Обнова на Европа) 79. Со овој резултат силите на центарот, десно и лево од центарот остануваат доминантни политички сили. Тоа се умерени, рационални политичари на нео-либералната демократиска логика. Според мене, нивна клучна задача ќе биде реформите внатре во Унијата, социјалната политика, миграцијата, милитаризацијата, климатските промени и „зеленета“ атомска енерегија, енергијата од обновливи извори, понатамаошнта кофронтација со Русија. Проширувањето на ЕУ нема да биде во центарот на вниманието, токму поради влијанието на десните партии (околу 131 пратеници од конзервативци, реформисти и идентитет демократијата), кои што се против проширувањето, изјави Ѓорчев за „Фронтлајн“.

Според него, понудата за почеток на преговорите со Украина и Молдавија, а заобиколувањето на државите од Западен Балкан кои што се далеку понапред во структурните реформи, економските перформанси и владење на правото во однос на Украина и Молдавија, го сведува процесот на проширување на политичка интерпретација на европскиот закон и го доведува процесот на проширување во „слепа улица“.

– Внатре во унијата се хавуваат центробежни сили за нов „полабав“ облик на интеграција и поголема слобода на одлучување на националните држави. Натамошните тегорми во контекст на процесот на одлучување со консензус и негова трансформација во дво-третинско мнозиство при одлучување е прерогатив за носење квалитетби одлуки без наметнување на спорни прашања од одделени држави – користејќи го правото на ВЕТО, наведува нашиот соговорник.

Не е јасана, додава тој, визијата за „повеќестепена“ Европа, Европа на центар периферија?!

Нашиот соговорник вели дека не е јасен ниту концептот за Европска политичка заедница, навестена од Макрон, како „карантинска димензија“ на државите што не се членки на Унијата, а како кандидат членки ги сместуваат во тој нејасен облик на Европска политичка заедница.

– За нас како држава сè се сведува да си се грижиме за структурните реформи, како неопходен чекор за подобар живот на граѓаните, да го зајакнеме економскиот општествен подсистем со годишен раст од над 4% и барање поголема финанасиска подрѓка од европските грантови, заклучува Ѓорчев.

Првата седница на новиот состав на Европскиот парламент ќе се одржи на 16 јули. Во меѓувреме, лидерите на земјите-членки на ЕУ ќе разговараат за назначувањето на шефови на европските институции: Европската комисија, Европскиот совет и на европската дипломатија.

Додека Фон дер Лајен се надева дека ќе биде реизбрана, веќе е извесно дека ќе бидат сменети претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Лидерите на институциите на ЕУ се секогаш претставници на оние политички партии кои добиле најмногу гласови на изборите.

720-те места во Европскиот парламент ќе ги пополнат пратеници од сите земји-членки на ЕУ. Која земја колку пратеници има зависи од големината на населението. Според тоа, Германија ќе испрати најмногу пратеници во Брисел/Стразбур – 96 европратеници, додека Кипар, Луксембург и Малта ќе имаат само по шест пратеници.

Европратениците се единствените претставници во институциите на ЕУ кои директно ги бираат граѓаните.

Дестан Јонузи / Фронтлајн

Марјан Ѓорчев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.