Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маркетите и дистрибутерите смируваат: Без паника, имаме залихи за 30 до 45 дена

0
By Нова ТВ on March 17, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Маркетите и дистрибутерите на храна имаат залихи, како во редовни услови, за 30 до 45 дена и порачуваат на граѓаните да не паничат, да бидат релаксирани и да водат сметка единствено за своето здравје. Како што соопштија денеска нивните претставници по работниот состанок со министерот за економија Крешник Бектеши, засега цените на производите не се менуваат и остануваат на нивото како досега. Пазарниот инспекторат, пак, е постојано на терен и ја контролира состојбата.

„Ги координираме сите активности за нормално фунцкионирање. Работиме максимално на заштита на условите за работа на сите наши вработени, но и на потрошувачите. Во постојан контакт сме со добавувачите и правиме максимални напори за снабдување на дефицитарните производи. Апелирам дека нема потреба од паника, работиме интензивно. Сите потреби ќе бидат намирени“, истакна претставникот од „Веро“.

И според претставникот од „Тинекс“ нема простор за паника.

„Состојбата е под контрола. Апсолутно нема причина за паника и за купување залихи. Нашите залихи се за 30 до 45 дена во редовниот обем. Трговците и државата стојат зад нас, охрабрени сме. Сакаме да ги релаксираме потрошувачите, сите стратегиски артикли ќе ги има во доволни количини“, напомена претставникот на „Тинкес“.

Ставот дека нема простор за паника го делат и дистрибутерите на храна. Тие единствено бараат постојан контакт на нашата држава со соседните земји, за да нема застои на граничните премини.

„Минатата недела имавме потешкотии за увоз на стока, но коридорите од вчера се ослободени од земјтие кои направија ограничувања. Веќе се регулирани коридорите од каде доаѓа стоката. Нема место за паника. Имаме залиха за 30 дена и тековно се носи стока. Бараме постојано контакт со соседните земји, за да нема застои на граничните премини, како и да се ослободат контингентите и царинските давачки за брашно, зејтин и шеќер, да има забрана за увоз од Србија каде цените се пониски“, истакна Џемаил Даути, сопственик на „Даути комерц“.

На заедничката прес-конференција по состанокот беше соопштено и дека пазарните инспектори, кои се постојано на терен, работат во две групи, дневна и ноќна.

„Благодарност до сите што ги почитуваат препораките за да останат што помалку луѓе за контрола. Од наша страна ќе сториме се за да им излеземе во прерсет на граѓаните и на трговците. Сепак, се она што ќе се донесе како владина одлука, ќе биде спроведено“, истакна директорот на Пазарниот инспекторат.

Дистрибутери Залихи Маркети храна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.