Скакулците од видот „мароканци“ повторно се вратија на нивите во штипско. За да не се повтори ланската состојба, кога им нанесоа огромни штети на посевите, земјоделците од регионот бараат помош од Министерството за земјоделство.
„Лани ништо не се презема ние самите се организиравме и прскавме. Но, страв ни е затоа што не знаеме со кои препaрати треба да прскаме и во колкава концентрација за да не и наштетиме и на стоката што пасе тука“, вели Коле Коцев од село Селце.
Скакулците се уште се мали и не ја достигнале вообичаената големина, но селаните велат дека веќе настрадале тутунот, житариците и луцерката. „Го јадат листот од се што ќе им се најде на патот, па така ни снемува и храна за стоката“, вели Киро Колев.
Минатата година скакулците нападнаат пет штипски села во лакавичкиот регион и направија пустош во Лакавица, Степанци, Лесковица, Суво Грло и Пухче. Годинава се појавија во регионот на Селце.




