Се навршија пет месеци од најтешкиот ден во нашите животи. Пет месеци празнина во срцето, пет месеци во кои секој здив е потежок од претходниот.
Точно на пет месеци од трагедијата во која од пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, животот го загубија 62 млади и околу 200 беа повредени, се одржа 18-тиот „Марш на ангелите“.
Протест почна со изјава на Розета Џамова, сестра на Јорданчо Џамов, починат во „Пулс“ на 16 март.
Се навршија пет месеци од најтешкиот ден во нашите животи. Пет месеци празнина во срцето, пет месеци во кои секој здив е потежок од претходниот. Пет месеци без прегратките и гласот на нашите најмили. Во овие месеци болката не стивнува. Спомените нѐ држат исправени – рече изјави Розета Џамова, сестра на загинатиот Јорданчо Џамов.
Роднините на загинатите повеќе пати изразија револт поради бавната истрага и недостигот од конкретни резултати.