Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Марш на сексуалните работници: Стоп за насилството

0
By Влатко Чаловски on December 17, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 17, 2013 14:17


Со цел да се укаже на лошите услови во кои работат и живеат сексуалните работнички и работници, под организаторство на Граѓанската иницијатива СТАР-СТАР, сексуалните работнички и работници, хот-лајн линиите, масерки и масери, денеска одржаа марш од улица „Македонија“ до плоштадот Карпошово востание со симболичен црвен чадор кој има за цел да ја покрене свеста кај луѓето.

Според организаторите, во Македонија се одвиваат репресивни мерки врз овие работници, а истите ги ставаат оваа категорија луѓе на маргините на општеството. Побараа од јавноста и релевантните институции итна интервенција за безбедност и заштита на овие луѓе.

Фактот што речиси секој учесник во маршот избегнуваше да зборува пред камера, според активистите за човекови права е само уште една индикација со каква репресија и услови се соочуваат луѓето кои работат на ова поле.

Неофицијално и зад камерите велат дека не се задоволни од третманот во институциите, од тоа што немаат никакви права ниту здравствено осигурување, а неретко се и физички малтретирани и омаловажувани од макроата и од клиентите.

Маршот се организира по шести пат во Скопје, а годинава за прв пат и во Охрид, Тетово и Струмица, со апел да се почитуваат правата и да се подобрат условите за работа на сексуалните работнички и работници во земјава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.