Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Марш на синдикалните организации пред Владата и Собранието

0
By Нова ТВ on May 1, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 1, 2014 12:07

Со протестен марш пред Владата и Собранието, синдикалните организации и левичарските движења денеска го одбележуваат Меѓународниот ден на трудот, 1-ви Мај.

Протестот започна во 12 часот пред Собранието, од каде продолжи пред Владата на РМ. Протест има и во Куманово.

Граѓанските движења имаат и конкретни барања до новата Влада.

Левичарското движење Солидарност има три барања: Законот за минимална плата да не ги дискриминира работниците кои се најзгрозени и да се изедначи на сумата од 8.800 денари, да се остварува правото на штрајк и да се овозможи вистинско функционирање на синдикатите.

-Едно од барањата е веднаш да има казни за работодавците кои не го почитуваат Законот за минимална плата, а не како што е предвидено, прво да се едуцираат, па кога повторно ќе направат прекршок да се казнуваат, изјави за НОВА, Здравко Савевски од Солидарност.

Во Соопштението на ЦИВИЛ по повод Денот на трудот, стои:

1-ви Мај е ден на сите работници во светот. Тоа е ден на борбата за правда, достоинство и чесност, за достојни услови за работа и пристојна плата за сите.

1 Мај е ТВОЈ ДЕН.

Ден кога ќе се освестиш и ќе го земеш тоа што ти припаѓа тебе и на твоите сограѓани. 1 Мај е ден кога треба да сфатиш дека работата не е привилегија, туку ТВОЕ ПРАВО..

Навремена и фер исплата за твојот труд и грижа за тебе кога си без работа или си болен, социјална и здравствена заштита за тебе и твоето семејство, пензија кога си стар – тоа не се услуги од државата или од газдите – тоа се ТВОИ ЗАРАБОТЕНИ И ЗАСЛУЖЕНИ ПРИДОБИВКИ.

Отвори ги очите!
СОЛИДАРНОСТ СЕГА!

Додека граѓанскиот сектор и Синдикалните организации ќе го одбележат Меѓународниот ден на трудот со протест, на плоштад ќе излезат и ССМ, но најавија дека нема да се приклучат на протестот.

-Нема да се придружиме никому. Ќе се собереме да ги промиовираме измените на Законот за безбедност и здравје при работа во делот на информирањето, потврдија за НОВА, Анѓелко Анѓелковски секретар на ССМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 20, 2026Updated:July 20, 2026

Привдена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани и двајца нејзини соработници

ВЕСТИ July 20, 2026

Приведена е директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани, како и уште двајца нејзини…

Њу Џерси: Аргентина – Шпанија 0 : 1 – Шпанија светски првак во фудбал

July 20, 2026

Иран се повлече од договорот со САД

July 19, 2026

Кочани: 47-ми Марш на Ангелите – одговорните не ги заштитиле младите животи

July 18, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.