Од денеска до 19 ноември во Скопје се одржува Фестивалот на европски филм CINEDAYS. Проекциите ќе бидат во кината Милениум, Фросина и Џебното кино МКЦ.
Фестивалот вечерва го отвораат Дневникот на машиновозачот, кој во 20 часот е биде прикажан во киното Милениум, по што следува и проекцијата на Франц со почеток во 22 часот во истата кино сала. Во киното Фросина во 21 часот е проекцијата на Милји понапред.
На програмата на овогодишниот фестивал се четири од петте номинирани филмови за Европски оскар -„Хулиета“ на Педро Алмодовар, германскиот „Тони Ердман“ на режисерката Марен Аде, холандскиот „Таа“ во режија на Пол Верхоевен и британскиот „Јас, Даниел Блејк“ на Кен Лоах.
Покрај овие четири филмови, конкуренција за таканаречениот „европски оскар“ е и ирскиот филм „Соба“ на Лени Абрамсон.
Инаку, за најмногу номинации се избори филмот „Тони Ердман“ и тоа за најдобар филм, режија, сценарио, најдобра музика и најдобра женска и најдобра машка улога. Повеќе номинации имаат и „Јас, Даниел Блејк“, кој се натпреварува во четири категории, а „Хулиета“ на Алмодовар и „Таа“ на Верховен се номинирани во три категории.