Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маска да се носи и поради загадениот воздух, а полицијата да казнува – бараат екологистите

0
By Нова ТВ on December 1, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Загадениот воздух и натаму проблем за граѓаните. Последниве денови дел од градовите низ Македонија повторно се најдоа на врвот од светските листи по загаденост. Екологот Африм Османи вели дека дури за два пати е поголем бројот на починати лица по добиени болести од загаден воздух, отколку од коронавирус.

Решението го гледа во воведување на карантини во градовите каде во континуитет има зголемен број на ПМ10 честички во воздухот.

„Која е логиката за 1600 починати да се воведе карантин, вонредна состојба, а да се занемарува тоа што 3 илјади лица годишно умираат од аерозагадување. Во целина ова го земаме несериозно.“, вели професорот Африм Османи.

Професорот Османи вели дека полицијата како што казнува за неносење маски исто треба да казнува и за загадување на воздухот.

„Анти-ковид мерките се носење маска како што е случајот со носење маска поради аеро-загадувањето. Потоа е сообраќајот кој е еден од главните фактори за загадување, треба да има рестрикции во сообраќајот и на крајот зошто да не и карантин на населението воопшто.“, рече Османи.

Скопје, Тетово, Куманово и Кавадарци се меѓу најзагадените градови во светот. Доколку ПМ10 честичките два дена едноподруго го надминуваат прагот над 175 ПМ10 тогаш владата излегува со препораки.

Мерки кои се преземаат доколку се надмине прагот на загаденост:

Да се ослободат од работа бремените жени, лицата над 60 години како и лицата со хронична астма

Да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено

Вршење чести контроли на филтрите

Греењето во објектите и домовите, индустријата и постарите автомобили се главните причини за загаденост во воздухот, вели министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Тој додава дека загадувањето драстично се зголемува помеѓу 16 и 17 часот попладне, и навечер во периодот околу 22, 23 и 24 часот.

„Причината за ова е што граѓаните се враќаат дома и го вклучуваат греењето, но тоа не се само домовите на луѓето, туку и други објекти во државата, а потоа имаме и воздушен притисок. Значи, една од причините, за жал, е греењето во нашите објекти и домови. Друга причина дефинитивно е индустријата што треба да се контролира, и можеби треба да има поригорозни контроли во иднина“, посочи Нуредини.

Според истражувањата греењето е една од причините за загаден воздух, а Град Скопје неколку пати по ред даваше субвенции за инвертори но тоа не е доволно за намалување на загаденоста. Најголемиот дел граѓани се греат на дрва.

Од друга страна возилата се втора причина за загадениот воздух но сè уште не се во функција еколошките налепници во црвена, жолта и зелена боја за класифицирање на возилата според скалата на емитување гасови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.