Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маслото од канабис: „Да имаш, а да немаш“

0
By Менче Атанасова Точи on June 21, 2016 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 21, 2016 12:19

На тешко болен да му дадеш надеж за живот, а потоа лекот да му го направиш недостижен поради високата цена. Да имаш, а да немаш. Има ли потешко од тоа? Тоа се случи со маслото од канабис за медицински цели. Ги донесоа првите количини од маслото со послабо дејство, хранливото, се појавија клучните луѓе во здравството, го рекламираа и луѓето се стрчаа да го купуваат. Но, ги чекаше изненадување- цените повисоки од тие на црниот пазар, поскапо и од европските земји. Златниот рудник проработи.

За само четири дена инкасирани се 150 000 евра од 3000 пациенти кои го купиле маслото. А, што ќе биде кога ќе се појави екстрактот со над два проценти ТХЦ, односно маслото за медицинска употреба?

Иако цената се уште не се знае, тоа ќе биде поскапо заради составот. Кој ќе може да си дозволи да го купи? Тешко болните што ги потрошиле сите пари на лекови кај кои медицината не помогнала и со душа го чекаат маслото грабајќи се за последната сламка за спас? Какво разочарување! Каква срамота! Државата повторно ги изигра граѓаните, најтешко болните кои се надеваа дека нешто се прави за нив. Не, оваа држава не го легализира маслото заради пациентите, да не се залажуваме. Ова е циркус кој допрва ќе го гледаме. Однапред договорена и испланирана работа. Ете, тоа е.

На една од телевизиите слушнавме дека дури и производителот се секирал за пациентите бидејќи на црниот пазар се продавале опасни и непроверени масла за огромни суми на пари. Треба да поверуваме и на оваа приказна? Ако фармацевтската компанија се загрижила за тешко болните нека ја намали цената или нека им го даде бесплатно на тие што не можат да го купат, барем за почеток . Така ќе си направат уште поголема реклама и ќе стекнат доверба кај луѓето. Но, во Македонија тоа не е можно. Се зема без пардон, од болните, од сиромашните, од стечајците, од невработените. Од тие што работат, а не можат крај со крај да врзат во месецот. Живееме во држава каде човечкиот живот нема вредност. Во држава каде законите се менуваат преку ноќ и се прилагодуваат според потребите на група властодршци.

На крајот се кажува дека се се прави за добро на граѓаните. За нешто, што за нив е недостижно. Пред некој ден прашав во Агенцијата за лекови има ли можност маслото од канабис да биде на товар на фондот кога веќе е на рецепт, да можат тие со тешки дијагнози или децата да го добиваат бесплатно. Ми одговорија дека законот предвидува таква можност,но само доколку бидат дел од клиничка студија. Каква иронија! За некои од тие страдалници државата предвидела бесплатно масло, но под услов да бидат дел од клиничките студии на нашите „стручњаци“.

Тие „ експерти“ ќе испитуваат како ќе им делува маслото на пациентите, ќе ги дозираат, ќе ги посматраат , болните ќе бидат експериментални заморчиња во нивните клинички студии. Тоа е единствениот спас за оние луѓе што немаат пари да си го купат препаратот. Спас за неколкумина. Некогаш, кога ќе се најде стручњак кој ја владее проблематиката за да ја прави таа клинички студија. Прашав и неколку специјалисти, врвни стручњаци во своите области и почитувани меѓу пациентите дали ќе го препорачуваат и препишуваат маслото од канабис на своите пациенти. Сите ми одговорија со НЕ. Тие не веруваат во таа приказна и нема да го даваат на пациентите.

И сега? Ќе има ли казни за лекарите? Ќе ги тераат да препишуваат нешто во што не веруваат? И ќе им кажуваат од која домашна компанија треба да биде маслото. Тоа препакуваното.

Но, да почнеме од почеток. Се сеќавате ли како оваа Влада која ја водат конзервативни демохристијани цело време даваше отпор за маслото од канабис и одеднаш одлучи да го легализира и да го донесе во државата.

Даваа отпор, тврдеа дека не лекува, дека нема доволно направени клинички студии во светот и одеднаш набрзина почнаа да менуваат политика. Се отворија 2-3 јавни дискусии, се смени законот, се одбра компанијата која ќе го увезува, се направи голема кампања. Министерот се појави како спасител и рече дека наскоро ќе го има во аптеките. И стана херој во очите на болните, се до моментот кога ги видоа цените. За момент помисливме дека им се важни пациентите.

Министерот Тодоров изјавуваше дека се пријавиле две компании во трката, ама имињата не ги откри. Се до моментот кога мораше да соопшти која е фирмата што ќе го увезува. Името на втората компанија не го кажа, како и зошто отпаднала на тендерот, ако го имало. Сега слушаме дека истата таа компанија не го произведува канабисот, ниту има намера да го сади и преработува. Само го увезува и го препакува. Наместо македонскиот квалитетен канабис се увезува концентрат од индустриски канабис кој потоа се раствора.

Се увезува од Холандија, Австрија, Словенија, а се продава по енормно високи цени. На пример, 5 процентното масло, кое е со хранлива вредност и го има во слободна продажба кое кај нас чини 2500 денари од 10 милилитри, во Холандија може да се купи за 20 евра. Во некои други земји се продава и за 4 евра. Се дозволи монопол на една фирма, која ја диктира цената. Тука нема дилема. Се додека не се појави конкуренција и на пазарот не влезат и други фирми, ќе веруваме оваа приказна.

Значи според министерот за здравство Македонија има најбогати граѓани и дозволи да се заработува на сметка на тешко болните. А, македонскиот коноп(канабис) расте слободно по планините и може да се користи без голема инвестиција во него. Законот дозволува правни лица да го одгледуваат, но истиот тој закон и ги спречува поради строгиот режим и условите кои с е бараат за тоа.

Невладиниот сектор кој за цело време ја следи и учествува во оваа проблематика смета дека тоа се услови построги од одгледувањето на афион. За нив нема дилема, велат дека се оствариле предвидувањата дека маслото од канабис не е наменето за пациентите туку за бизнис и политички интереси. Тие бараат маслото за кое велат дека е прескапо, да биде на товар на Фондот за здравство, како и лековите. И навистина кога веќе го признаваат како лек, зошто и не го третираат така. Нели лековите се достапни до сите граѓаните во оваа држава? Па, дури секојдневно не бомбардираат и со намалување на цените на лековите.

Од придобивките со смалување на цените на некои лекови можат да ги покријат трошоците за маслото од канабис. Тоа нема да биде голем товар за Фондот, а за пациентите кои плаќаат здравствено осигурување ќе биде големо олеснување. Еве, можност надлежните да покажат колку им се важни пациентите. Ракавицата е фрлена. Министре, нема потреба од „двобој“ со новинарите. Ќе им дадете ли шанса на пациентите?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозија во црква во државата Њујорк – има повредени

February 17, 2026

Масакр на училиштен хокеј-натпревар во САД: Двајца убиени и тројца повредени во Род Ајленд

February 17, 2026

Објавени имињата на 305 познати личности поврзани со Џефри Епстин – меѓ нив и Трамп, Ди Венс, Рубио, Мишел Обама, Клинтонови, Бил Гејтс, Бијонсе, Шер, Де Ниро, Дајана Рос, …

February 16, 2026

Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир

February 15, 2026

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026
ФОКУС
February 18, 2026

Меѓународна конференција — 4 години агресија: Отпорот на Украина и одговорноста на светот

ВЕСТИ February 18, 2026

На 24 февруари 2026 година, четири години по започнувањето на целосната воена агресија на Русија…

Девет нови амбасадори поминаа на владина седница – Муртезани во Брисел, Мангова во Лондон

February 18, 2026

Владиниот таен синдикалец јавно седна во скутот на власта – стана член на УО на ПИОМ

February 17, 2026

Советот ѝ остави на Владата да одлучи кој од четворицата кандидати ќе биде републички обвинител – дадоа позитивно мислење за сите освен за Панчевски

February 17, 2026
ТИКЕР

Експлозија во црква во државата Њујорк – има повредени

February 17, 2026

Масакр на училиштен хокеј-натпревар во САД: Двајца убиени и тројца повредени во Род Ајленд

February 17, 2026

Објавени имињата на 305 познати личности поврзани со Џефри Епстин – меѓ нив и Трамп, Ди Венс, Рубио, Мишел Обама, Клинтонови, Бил Гејтс, Бијонсе, Шер, Де Ниро, Дајана Рос, …

February 16, 2026

Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир

February 15, 2026

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.