Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Масовна поддршка од Прилеп за штипските професори – се спрема и голем протест

0
By Нова ТВ on July 26, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 26, 2014 13:38

После вчерашниот состанок на Советот на СОНК и донесените одлуки за понатамошно делување, раководствата на регионалните одбори го продолжија штрајкот со глад.

„Враќање назад нема. Продолжуваме со штрајкот и убедени сме дека во текот на следните денови ќе дојде до исполнување на нашите барања, односно ќе биде постапено по Решението на Државниот просветен инспекторат“, вели претседателот на регионалниот одбор на СОНК од Прилеп, Ванчо Спиркоски.

Најголемиот дел од граѓаните на Прилеп со кои денес разговаравме на оваа тема, го оправдуваат ставот на СОНК и им даваат поддршка на тројцата професори од универзитетот во Штип.

„Жалам што живееме во држава во која граѓаните мораат да прибегнат кон вакви крајни мерки, каква што е штрајкот со глад. Што е следно? Зарем треба да се случи нешто пострашно, убиство или самозапалување, за да биде слушнат нивниот глас и да го добијат она што по устав и закон им припаѓа? Го поддржувам штрајкот и уште повеќе жалам што интелектуалците остануваат неми и без било каков став по вакви прашања“, вели една од анкетираните.

„Им честитам на професорите на покажаната храброст и решителност да се изборат за своите права, тоа е она што нам како на народ ни недостига. Во секој случај, прв пат после подолго време се почувствува некаква раздвиженост кај синдикалците. Знаејќи ги методите на работа на актуелната власт, не сум сигурен дали локалните раководства на синдикатот ќе издржат до крај. Меѓутоа ова им е шанса да покажат солидарност и единство, бидејќи само на тој начин ќе ја остварат целта“, убеден е еден од повозрасните прилепчани.

Штрајкот со глад го продолжија и претседателот и секретарот на регионалниот одбор на СОНК од Битола. Според зборовите на Фанче Јошевска, претседател на битолскиот регионален одбор, веќе се направени првите контакти со претседателите на синдикални организации, во насока на припрема за најавениот протест на СОНК пред Министерството за образование и наука во Скопје.

Покрај поддршката од професорите во битолските основни и средни училишта, се огласија и професори од Високата медицинска школа во Битола, како и деканот на правниот факултет во Кичево, кој функционира во состав на универзитетот „Св.Климент Охридски“ од Битола, проф. д-р Илија Тодоровски. Со отворено писмо, тој го повика ректорот на штипскиот универзитет, д-р Саша Митрев, да реагира согласно Законот за високо образование.

„Случајот со тројцата професори од штипскиот универзитет претставува опасен преседан, затоа што не е досегашна карактеристика на ниедна високообразовна и научна институција во Република Македонија масовно да се отпуштаат наставници кои во целост ги исполнуваат условите за избор во повисоко звање, во случајов вонреден професор“, напиша во своето писмо проф. д-р Тодоровски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.