Шпанската полиција и демонстрантите се судрија синоќа на улиците на Барселона. Повредени се најмалку шест лица.
Инцидентот се случил после мирниот собир на кој протестираа околу 350.000 приврзаници за независност, а вечерта околу 10 000 демонстранти се собрале во близина на полициската станица.
Полицијата ги обвини демонстрантите дека станале насилни и фрлале шишиња и гумени куршуми кон нив. Снимките на Ројтерс покажуваат дека полицијата вооружена со палки се обидува да се пробие низ толпата, додека демонстрантите фрлаат камења кон нив.
Повреден е и фотограф на Ројтерс кој бил погоден во стомакот.

Во Каталонија секој ден се организираат протести по пресудата на Врховниот суд од 14-ти октомври со која се изрекоа високи затворски казни за водачите за независност.
Досега во протестите повредени се над 600 лица, од кои 367 цивили и 289 полицајци.За врема на масовниот протест вчера, за посетители беше зтворена и базиликата „Саграда фамилија“.
Демонстрантите извикуваа „Нема да заборавиме, нема да простиме“.
Каталонците и натаму се поделени околу прашањето за одвојување од Шпанија, – анкетите покажуваат дека 44 проценти за и 48,3 проценти против.




