Во повеќе градови во државата вечерва се одржуваат масовни протести против аболицијата на претседателот Иванов. Протести има во Прилеп, Штип, Струмица, Охрид, Кавадарци и Кочани.
Во Охрид може да се види река луѓе по улиците, а протестот е масовен и во Велес.
Во Кавадарци околу 2500 граѓани протестираат пред Собранието ис скандираат „Нема правда, нема мир“. Во исто време околу 200 луѓе се собрани на контрапротест во малиот парк во близина на полициската станица. Протестите се мирни и без инциденти.