Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Матарела – Пендаровски: Односите на Италија и Северна Македонија во нагорна линија

0
By Sashko on September 9, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 9, 2022 13:18

Со големо задоволство ја следевме информацијата во јули конечно да почнат преговорите за влез на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ). Тоа што е со задоцнување, за жал, не беше разумно, но одлуката да почнат преговорите, сепак, го наградуваат напорот што ЕУ го направи кон Северна Македонија, истакна претседателот на Италија Серџо Матарела кој е во официјална посета на државава.

На заедничката прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски, Матарела рече дека тоа е потврда на заложбата на Северна Македонија и на сите земји кои, како што рече, со одлучност ја поддржуваа, како што тоа го направи Италија.

„Сакам јавно да подвлечам дека го цениме трпението и напорот што Северна Македонија ги направи за да ги надмине сите потешкотии и на планот на подобри и попозитивни односи со соседите. Станува збор за чекори нанапред кои Италија секогаш ги следеше и ги поддржуваше и во своите односи со Софија. Унијата е наша заедничка иднина, тоа е наше убедување, што секаде го кажуваме. Без влезот на земјите од Западниот Балкан во ЕУ, Унијата нема да биде целосна и има потреба од овој влез за комплетирање за навистина да биде интегриран целиот континент“, рече Матарела.

Нагласи дека Италија постојано ќе биде на страна на Северна Македонија на патот што треба да го изоди, на патот на реформите за да стигне до акито на ЕУ.

„Се надеваме дека овој процес ќе биде пократок за целосно да се постигне членството во Европската Унија“, рече Матарела кој во посета на нашата држава доаѓа 23 години од последната посета на некој италијански претседател.

Пендаровски ѝ се заблагодари на Италија за поддршката на политиката на проширување на ЕУ и неспорната поддршка за нас во тој контекст.

„Имајќи предвид дека во претстојниот период нѐ чека напорна работа и вложување на сите национални капацитети, искуствата кои Италија е подготвена да ги сподели со нас ќе ни бидат навистина корисни. За време на разговорите потенцирав дека Северна Македонија останува кредибилен партнер на Унијата во справување со актуелните геополитички и безбедносни предизвици за што зборува и фактот за нашето стопроцентно усогласување со заедничката европска безбедносна и одбранбена политика на Унијата“, рече Пендаровски на прес-конференцијата.

Како сојузници во НАТО, додаде шефот на државата, со претседателот на Италија Матарела размениле мислења и информации за војната во Украина и го реафирмирале повикот за итно запирање на руската агресија врз една суверена држава.

Пендаровски соопшти дека побарал поддршка од Матарела во справување со последиците од енергетската криза, односно да нѝ биде овозможен пристап до механизмите и инструментите на Унијата за ублажување на негативниот ефект од енергетската криза врз нашите држави.

Матарела во своето обраќање рече дека енергетските проблеми се последица на агресијата на Русија врз Украина и нагласи дека треба голема солидарност.

„Треба да се одредат механизми кои ќе им помогнат на земјите од Западниот Балкан да имаат конкретни и ефикасни перспективи за справување со енергетската криза. Значи, тоа да биде практично, не само теоретски“, рече италијанскиот претседател.

На средбата двајцата претседатели констатирале дека економската, парламентарната и секторската соработка меѓу Северна Македонија и Италија се развиваат во нагорна линија и искажале подготвеност на нивно натамошно продлабочување.

„Имаме вистинско економско партнерство, размената што ја имаат нашите земји е позитивна, се надмина нивото што го имавме пред пандемијата. Тоа се сектори во кои најчесто работиме, но сакаме со нашите компании да работиме и на нови области, важно за нас се и обновливите енергии, така што Италија сака да го продлабочи овој трговско-економски однос со Северна Македонија. Имаме и културни врски, кои се важен аспект од нашите односи и се надеваме дека дополнително ќе ги зацврстиме со петтата Програма за соработка во однос на образование, култура и наука за периодот од 2022 до 2025“, рече претседателот на Италија.

Пендаровски и Матарела соопштија дека разговарале и за актуелни теми за состојбите во регионот на Западниот Балкан, безбедносните прашања и модалитетите за справување со последиците од економско-енергетските кризи со кои се соочува светот.

„Ова беше значајна средба, како што и прилега на две пријателски држави. Ова нека биде и повод за заедничко прославување догодина на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу нашите две земји, што ќе биде уште една можност за зајакнување на македонско-италијанското пријателство“, рече Пендаровски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.