Неофицијално дознаваме дека мажот среде ноќ сакал да ја земе сопругата од домот во Ростуше и да ја премести во друга здравствена установа.
Ноќеска (7 септември), половина час по полноќ, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 57-годишниот И.И. од долнореканско Требиште, кој се однесувал агресивно и физички ги нападнал, откако претходно го нарушил јавниот ред и мир во Здравствениот дом „Русе Бошковски“ во село Ростуше, каде болнички од „ковид-19“ се лекувала неговата сопруга.
Се расчистува и документира случајот, по што против И.И. ќе следува соодветен поднесок.
Неофицијално дознаваме дека мажот среде ноќ сакал да ја земе сопругата од домот и да ја премести во друга здравствена установа.