Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МЦЕО:Граѓаните се повеќе веруваат во снимките на опозицијата

0
By Нова ТВ on June 23, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 23, 2015 15:45

Дури 96 проценти од граѓаните слушнале за аферата „Прислушување“, а а 88 проценти слушнале некоја од снимките кои ги објавува опозицијата, велат податоците на Македонски центар за европско образование кои го спровеле анкетното истражување во периодот од 4-ти до 13-ти јуни.

Ова за МЦЕО е изненадувачки резултат, со оглед на тоа, како што велат дека поголемиот број медиуми не ги објавуваат снимените разговори.

„Ова наведува на заклучок дека мнозинството граѓани не го прифаќаат наративот на власта, иако медиумскиот просорот е прилично ограничен. Тоа покажува дека граѓаните размислуваат логично, потпирајќи се на својот здрав разум, а не на она што им се пласира преку медиумите, што порано не било случај“, изјави Бојан Марушиќ од Центарот за европско образование.

Граѓаните се помалку веруваат дека аудио снимките кои ги објавува опозицијата се монтирани, сечени и лепени, што значи дека опаѓа вербата во она што го пласира власта, а се зголемува доверата во антивладиниот наратив, велат од таму. Изненадува и фактот што подеднаков е процентот на луѓе што ги слушале снимките во руралните и градските средини.

„Изненадува моментот што антивладиниот наратив расте и во руралните и во урбаните средини подеднакво. Тоа е најдобар показател дека луѓето следат што се случува и се обидуваат да се информираат“, Андреја Стојковски.

Вкупно 41 отсто од испитаниците сметаат дека прислушуваните разговори се направени од домашните служби, а 23 од странски служби. На прашањето дали веруваат дека содржината на разговорите е сечена, лепена, монтирана, 52 отсто одговориле дека снимките што се емитуваат се автентични, а 19 отсто дека не се. На прашањето што е поважно при решавањето на политичката криза, 52 одговориле дека содржината на снимките, а 21,7 дека е поважно кој ги снимил.

„Мнозинството од граѓаните не го прифаќаат наративот на власта иако медиумскиот простор е доминантно преземен од власта. Позитивно не изненади овој факт затоа што по прв пат поголем број на граѓани се издигнуваат над пропагандата. Се појавува граѓанската свест која не можевме да ја препознаеме“ потенцира Маричиќ.

Албанците најмногу веруваат во антивладиниот наратив, така што 73 отсто од нив сметаат дека е поважна содржината на снимките отколку кој ги правел. Наспроти нив, 47 отсто од Македонците сметаат дека поважна е содржината од изворот на снимените разговори.

Анкетата покажува дека како што е повисоко образованието во профилот на испитаниците, така се помалку веруваат во она што го пласира власта.
„Наративот на власта најлесно поминува кај ромската поплузација, најголем процент меѓу Ромите веруваат дека прислушувањето го спровеле странски служби“ вели Стојковски.

Најголем дел од граѓаните мислат дека меѓународната заедница треба да се вклучи во разрешување на политичката криза, бидејќи институциите не можат сами да го решат проблемот. Дури 62 проценти од граѓаните сметаат дека ЕУ треба да одигра сериозна улога во овој процес, а 49, 7 проценти од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ се согласуваат со ова.

Од МЦЕО сметаат дека во државата се уште постои атмосфера на страв што се гледа од податокот дека половина од граѓаните мислат дека власта има начини да дознае како гласале на избори. Вкупно 53 отсто сметаат дека македонските граѓани не го кажуваат слободно своето мислење, а од нив 4/5 сметаат дека тоа е така затоа што се плашат од последиците врз нив и врз нивното семејство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.