Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Медиапарт: Што се случи во Куманово?

0
By Нова ТВ on June 9, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 9, 2015 22:32

Дали Македонија е на работ на граѓанска војна, четиринаесет години по конфликтот во 2001 година?

Сабота 9 мај во утринските часови македонската полиција ја започна акцијата во Куманово, во северозападниот дел на малата земја со два милиона жители, каде албанското малцинство претставува една четвртина од населението. Мистериозни “албански терористи” влегле таму. Според првата верзија на Владата нив ги имало 70 и биле тешко вооружени. Подоцна оваа бројка значително се намали. Властите рекоа дека се работи за криминалци, “најопасните на Балканот”, ветерани на албанските герилци поврзани со организираниот криминал, но, исто така, и со меѓународни исламистички мрежи … Во два дена борби осум полицајци загинаа, 35 се повредени, а десет “терористи” се убиени – еден Албанец од Македонија и девет од соседно Косово.

Изненадувачки, оваа група не побара ништо и беше фатена во урбана средина која не е погодна за герилска борба. Многу брзо, недоследностите на верзијата на македонските власти почнаа да бијат очи. Се шири идејата дека ова е направено за да се одвлече вниманието на јавното мислење во опозициските протести кои се шират во Скопје. Конзервативниот националистички режим на премиерот Никола Груевски е, од почетокот на годината, сериозно разнишан од страна на сензационалните откритија кои секој ден ги открива лидерот на опозицијата на социјалдемократите Зоран Заев. Тој има аудио снимки кои ја откриваат корупцијата и авторитаризмот на режимот воспоставен во земјата.

«Ми беше предложено да ја водам операцијата, но јас одбив», вели командант Хоџа, чие вистинско име е Џезаир Шаќири, еден од главните лидери на албанските герилци во Македонија во 2001 година. По завршувањето на Охридскиот мировен договор, тој е амнестиран, па станува дури и пратеник. По враќањето на власт на националистичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во 2006 година, тој беше обвинет повторно и мораше да избега за Косово.


Џезаир Шаќири

Хоџа, кој говори совршен француски јазик, но не сака да биде прецизен околу неговата кариера. Имаме состанок во хотел на влезот на Приштина. На покривот на хотелот е исправена копија на Статуата на слободата во Њујорк, а хотелот ја имаше својата златна ера во почетокот на 2000 година. Од тогаш, само некои од албанските герилци – Ослободителната војска на Косово (ОВК), Национална ослободителна армија на Македонија (ОВК-М), плус Ослободителната војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац (ОВПМБ) – сè уште се собираат таму.
Командантот Хоџа не сака да каже кој му предложил да ја води акцијата. Но, тој ја обвинува владата на Македонија – особено Сашо Мијалков, шефот на разузнавањето, кој беше принуден да поднесе оставка на 12 мај – дека го режирала настанот. «Мажите кои се собраа во Куманово беа сите платени. Тие делувале како платеници, иако некои од нив беа албански патриоти и ветерани кои добро ги знаев добро.»

Г-дин Д. е еден од шефовите на полицијата во Косово, стар кадар кој занаетот го учел социјалистичка Југославија и кој никогаш не престанал да работи, ни под Милошевиќ, ниту во Косово кога беше протекторат ниту по независноста. Тој цврсто држи до својата анонимост. Г-дин Д. не крие дека операцијата Куманово му дава некаква сатисфакција: «Ова е еден вид на ненамерна метла, неколкумина од кралевите на дрогата се елиминирани – не беа тие големи шефови, но моќни на теренот. Во бандата, само Мирсад Ндрецај, алијас командант НАТО, имаше малку идеолошка определба … Другите беа само платеници.» Г-дин Д. Добро ја знае листата на загинатите во Куманово се разбира меѓу кои фигурираат и «клиенти» кои тој се обидувал да ги урне.

Оружје обезбедено од страна на македонската полиција

Имињата на десетте борци убиени во Куманово се познати и сите се на границата помеѓу разбојништво и «патриотска» посветеност како кај герилците во крајот на векот, како Ризај Бег, ветеран од три војни, на Косово, во Прешевската долина (Јужна Србија) и во Македонија. Има еден вознемирувачки факт. Речиси сите луѓе доаѓаат од Дукаѓин (западно Косово), прилично оддалечен регион од Македонија. Тоа е упориште на поранешниот командант Рамуш Харадинај, поранешен премиер на Косово, ослободен од страна на Меѓународниот кривичен суд под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото. «Тоа не значи дека Рамуш има врска со тоа», вели командантот Хоџа. И додава дека «тоа покажува дека биле ангажирани преку некои мрежи и во сето тоа нема ништо спонтано».

Зборовите на полицаецот овозможуваат да се комплетира сликата за Куманово која локалните медиуми се обидуваат да ја одгатнат. Групата прво ја нападна малата станица во Гошинце, на границата меѓу Македонија и Косово, во ноќта помеѓу 20-21 април. Четирите македонски граничари, кои беа таму беа врзани од страна на командосите. Тие заминале во раните утрински часови, со оружје и муниција, кое, за чудо, биле донесени од страна на полицијата во оваа станица неколку дена порано и таму заборавени… «Тоа беше дел од договорот со македонската служба, да се овозможи оружје за «терористите»: имаше 64 калашникови, околу педесетина мали пиштоли и осум кутии муниција.»


Гошинце

Така опремена, «терористичката» група тргна во офанзива со провоцирање на македонската полиција. Но постојат сомнежи во врска со настаните во Куманово. «Класичениот» модел на албанските герилци во регионот е да се воспостави база во планинско село. Во среде град и многу густо населена област е изненадувачки избор. Г-дин Д. има објаснување: «Всушност, сите беа повикани на средба на која требаше да се разговара за тоа кој која надлежност ја има и кој ќе ја преземе командата на кој сектор … Нападот не беше планиран.»

Сe обидоа, но пресметката пропадна

Можеби Македонците сакаа да се покажат остроумни со испраќањето на првата екипа од «Тигрите», – специјалните полициски единици, поддржани од страна на EБР и ПЕП, специјализирани во одржување на редот и мирот – и да наднат во Куманово каде што го запоседнале «терористите»? Според информациите од неколку македонски новинари, «Тигрите» добиле лажни информации, нивните водачи им рекле дека се работи за «некои дилери на дрога». Операцијата започна кратко по 4 часот и 20 минути, по првата муслиманска утринската молитва. Половина час подоцна, неколку припадници на специјалните единици беа убиени, четири беа примени во 5 часаот и 5 минути во болницата во Куманово сериозно повредени.

Ако Македонците сакаа да ги изненадат Албанците, овие последните, исто така, не ја избраа најдобрата метода… «Оружјето и муницијата од Гошинце биле направени така да немаат домет поголем од неколку метри а исто така и калашниковите», вели г-дин Д. Но, членовите на групата стафиле дека се работи за измама и го користеле нивното лични оружје, при што ги фатиле «Тигрите» на изненадување. Од тој момент, работите тргнале по несакана насока. «Терористите» се криеа во три куќи. Но само тие што се криеле во една куќа отвориле оган, при што ги фатиле «Тигрите» од друга страна. Сите ги немале истите инструкции, или се појавиле разлики во групата», вели полицаецот.

Две работи се сигурни во секој случај. Додека полицијата ја блокира областа, со постепено евакуирање на цивили, пред одлучувачката операции што се случи во неделата наутро, повеќе борци, кои не се се уште во Куманово, беа во можност да им се приклучат на своите браќа по оружје, што е доказ за несигурност и порозност на линиите кои преовладуваа во текот на целиот ден во саботата.

Со тоа се потврдува и дека “терористите” биле во телефонски контакт со Али Ахмети, лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), албанската партија која е во коалиција во македонската влада на премиерот Никола Груевски. Испрашуван од страна на ТВ Клан, албанска ТВ, тој призна дека луѓето под опсада му телефонирале да го прашааш да преговара за отворање на “коридор” кој ќе им овозможи да се избегаат. Али Ахмети призна дека и тој знаел за операцијата во Македонија. Во дослух со полицијата, политичкиот водач на македонските Албанци, портпарол на ОВК-М во 2001 година, многу го руинираше неговиот кредибилитет. «Али Ахмети ќе заврши на ѓубрето на албанската историја», заклучува командант Хоџа.

Осум полицајци на специјалните единици се убиени, 35 повредени, некои многу сериозно. Командант Хоџа се насмевнува на спомнувањето на 2001 година: Герилците под негова команда во 2001 година не биле толку ефикасни.

Француска агенција за комуникација

Веднаш по трагедијата, македонскиот печат ја истакна улогата на француската агенција за комуникации, чијшто директор сретна со македонските власти на 17 февруари, Жерар Аскинази, директор на агенцијата. Во разговорот по телефон со Mediapart, тој признава дека се сретнал со премиерот Никола Груевски и «неколку од неговите соработници».

Тој ни кажа дека на почетокот разговорот се фокусирал на Европската унија и кандидатскиот статус на Македонија. За време на второто телефонско интервју, тој објасни дека средбата со македонскиот премиер, која не траела повеќе од 35-45 минути, била посветена на презентирање на услуги понудени од страна на неговата агенција. Тој ова го потврдува со писмо до Mediapart, признавајќи дека политичкиот контекст «се разбира бил споменат».

Неделникот Фокус вели дека по средбата на висок македонски функционер било речено да подготви план кој нема никаква врска со европската интеграција на земјата, туку на нешто што многу личи на настаните во Куманово. Овој функционер одлучил да зборува бидејќи имало загинати и затоа што полицајци биле убиени без причина». Жерар Аскинази потврдува дека по посетата на Скопје неговата агенција не работела за Македонците. Во скопските шпекулации може да се слушне дека неговото име било објавено за да се префрли одговорноста на «француски експерт» за страшното фиаско во Куманово и овие шпекулации можеби доаѓаат и од кругови блиски до Владата.

Сведочењето на Фокус не значи дека француската агенција ги «дизајнирала» драматичните настани на Куманово. Всушност, македонските служби знаеле дека нападот на «терористе» ќе се случи и решиле тоа да се искористи за политички цели. Всушност, од минатата есен, во националистичките кругови на Балканот имаше гласини дека «нешто» се подготвува во Македонија. Во февруари македонскиот шеф на разузнавањето Сашо Мијалков сакал да ја преземе контролата во свои раце, мислејќи дека тој би можел да ја смени ситуацијата во корист на македонскиот режим и се договорил со “терористичката” група. Тој предложил да се обезбеди оружје што беше пронајдени за време на операцијата во Гошинце.


Сашо Мијалков

Командантот Хоџа, исто така, тврди дека во февруари му било понудено да го предводи овој нов “бунт” и исто така во ова време биле регрутирани членовите на бандата. Слично на тоа утврдено е дека тајните служби на Косово, во текот на истиот месец, ја предупредиле претседателката на земјата Атифете Јахјага, премиерот Иса Мустафа, министерот за внатрешни работи Скендер Хисени и директорот на полицијата, Шпенд Маџуни, дека македонските тајни служби контактирале со косовските граѓани за напади во Македонија.
“Поради доверливоста на овие информации ние не ги објавивме. Мислевме дека владата ќе преземе акција”, вели Хаџи Шала пратеник од Косово, претседател на парламентарната комисија за следење на тајните служби. Всушност, властите во Приштина не се обиделе да ја спречат акцијата која се подготвувала во Македонија. И Али Ахмети, многу добро информиран, исто така, призна дека тој бил свесен за подготовките: “Во последниве неколку месеци, јас испратив во Косово неколкумина од моите блиски соработници за да се поврзат со некои од овие луѓе кои се интересирале за нова битка, да се објасни дека оваа акција не е во корист на интересите на Албанците”.

Големата балкански игра

Српските служби беа подеднакво добро информирани. Владата во Белград изјави дека ги испратила сите свои сознанија за ризикот од терористички напади во Македонија, а тоа јавно го потврди Агенцијата за воено разузнавање (ВБА) и тајната служба (БИА). Шефот на ВБА, Петар Цветковиќ, дури и изјави дека македонските власти ги “зелр во предвид” предупредувањата од Белград.

Останува едно големо прашање. Како западните служби можеле да не бидат информирани за она што се случува, додека истовремено поранешните борци внимателно се следат и дека сите тајни служби на западните земјио се присутни во Косово? Кумановскиот регион, на границата со Србија и Косово, е привилегиран пат веќе со децении на секој шверц – мигранти, оружје, дрога и слично – тој се следи постојано од сите агенции во светот. “Сите знаеја, се разбира”, извикува г-дин Д., «но секој сакал да се покаже попаметен и да види до каде тоа ќе оди …».
За која цел? Балканот, а особено Македонија, е повеќе од кога било пион во играта на глобалната партија шах меѓу Русија во САД. Последните две години Никола Груевски е наводно поблиску до Москва иако тој некогаш беше приврзаник на либералниот евро-атлантизам. Во овој контекст на притисок, дали некои спин доктори сакале да ја остават Македонија да влезе во стапица?


Куманово

Драматичното и крваво фијаско на операција во Куманово очигледно го спречи планот што некои можеби го имале замислено: вклучувањето на македонските служби брзо стана јасно и го дискредитираше режимот и неговите служби, додека комуникациските елементи за време на акцијата – како потенцијалните врски помеѓу “терористите” и Исламската држава – не наидоа на одѕив.

Парадоксално, оваа промашена операција всушност ги доближи разните сегменти на македонското општество околу критиките за манипулацијата на власта. Но, звукот на чизми кој почна да се слуша е загрижувачки. Бидејќи, преку манипулации и провокации, други лукави сценарија не се исклучени во текот на следните недели.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.