Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Медиумите навивале за власта во кампањата

0
By Нова ТВ on May 2, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 2, 2013 11:39

Локалните избори поминаа во знакот на интензивна негативна и дисквалификувачка кампања на владејачката коалиција „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ спрема опозицијата, засилена националистичка реторика на политичките актери во Кичево и во Струга, директно вклучување на власта во изборната кампања во корист на владејачката коалиција и пристрасно информирање на поголемиот дел од медиумите повторно во полза на владејачката коалиција, се вели во најновата анализата на медиумите „Медиумско огледало” која ја изработува НВО Инфо центарот.

Тие нотираат дека владејачката коалиција водела масовна и агресивна кампања во медиумите, а најголемиот дел од просторот и бил отстапен токму неа,

„За време на кампањата, владејачката коалиција и нејзините видео спотови доминираа со медиумскиот простор. Анализата на говорите и на видео спотовите недвосмислено покажа дека оваа коалиција спроведе интензивна негативна кампања спрема опозицијата што силно влијаеше врз зајакнувањето на антагонизмот кон политичките различности и сериозно го деформираше изборниот процес. Предизборната битка наместо да претставува натпревар и соочување на различни политички идеи и програми, се престори во жестока, лична и дисквалификувачка пресметка на власта со опозицијата и со другите политички неистомисленици. Она што загрижува е и засилената националистичка реторика на политичките актери во Кичево и во Струга, и обидот за национална мобилизација на гласачкото тело по етничка линија“, констатирале експертите.

Извештајот се осврнува и на злоупотребите на државните ресурси од страна на владејачката партија во кампањата.

„Во периодот на мониторинг беа најавени и промовирани голем број владини мерки и политики. Иако, овие мерки и политики беа претставени како економски антикризни мерки, сепак, фактот што тие интензивно се најавуваа во време изборна кампања, недвосмислено покажа дека Владата директно се стави во функција на изборите и со помош на провладините медиуми ја засили поддршката на своите партиски кандидати за градоначалници и советници. Едновремено, загрижува и практиката на државните и на локалните функционери да ги користат службените ресурси (на пример, возила, обезбедување и др.) за партиски цели односно за изборни партиски активности. Ваквото поведение на централните и на локалните власти, сериозно го наруши изборниот процес. Анализата покажа дека провладините медиуми, кои доминираат со медиумската сцена во Македонија, и за време на изборите претставуваа продолжена рака на пропагандата на власта и на нејзината изборна коалиција. Тие афирмативно, пристрасно и некритички информираа за активностите на власта и на владејачката коалиција, додека за опозицијата главно информираа селективно, игнорирачки и критички“, се вели во извештајот.

Анализата на медиумите „Медиумско огледало“, посветена на Локалните избори 2013 година е реализирана во периодот од 11 до 15 февруари 2013 година (пред официјалниот почеток на изборната кампања) и од 18 до 23 март 2013 (последните пет дена од изборната кампања). Во мониторингот беа вклучени шест дневни весници („Утрински весник“; „Дневник“; „Вест“; „Вечер“; „Нова Македонија“, „Фокус“), и централните информативни емисии на седум телевизии со национална и сателитска концесија („ 24 Вести“; „Канал 5“; „Сител“; „Телма“; „МРТ1“; „Алфа“ и „АлсатМ“). Во рамките на овој мониторинг беа анализирани и изборните видео-спотови на владејачката коалиција „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и на опозициската коалиција „Сојуз за иднината“, предводена од СДСМ, а беа анализирани и дел од предизборните говори на лидерите на владејачката коалиција и на опозицијата“, се вели во анализата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.