Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Медиумите со говор на омраза кон маргинализираните групи

0
By Нова ТВ on March 6, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 6, 2013 13:49

Говорот на омраза, стигматизација или игнорирањето се вообичаени тактики кога медиумите известуваат за маргинализираните заедници, посочуваат од Коалицијата за сексуални и здравстени права на маргинализираните заедници. Затоа денеска беше промовиран Водич за медиуми, публикација која го разгледува прашањето за почитувањето на новинарските стандарди при известувањето за различностите и за дискриминацијата.

Според Тамара Чаусидис, претседател на Самостојниот синдикат на новинари, маргинализираните групи или се игнорираат или пак за нив се известува низ призмата на предрасудите, што дополнително го зголемува проблемот.

Од друга страна, наместо подобрување, Роберто Беличанец од Центарот за развој на медиуми, посочува дека последниве години се нотира влошување на состојбите со медиумското известување на маргинализираните заедници. Според него, се промовираа конзервативно општество, но со двојни аршини. Новинарите си дозволуваат да коментираат за работи кои не ги познаваат, вели тој, а говорот на омраза, стереотипите и предрасудите се вообичаен дел од новинарските текстови.

Медиумите ги криминализираат сексуалните работнички, при известување за лицата носители на ХИВ вирусот се користат предрасуди, додека сензационализмот е редовно присутен кога медиумите ги актуелизираат состојбите во ЛГБТ заедницата, вели активистот Жарко Трајановски.

Со него се согласува и Кочо Андоновски, активист за правата на ЛГБТ заедницата во земјава. Според него, македонското општество се плаши од маргинализираните заедници, а тоа им помага на одредени државни структури да останат на власт.

Почитувањето на човечкото достоинство, осуда на говорот на омраза и на дискриминацијата, се императив на новинарството. Сепак, кога станува збор за маргинализираните заедници, овие принципи редовно се прекршуваат, е општиот заклучок од новиот Водич за медиуми.

Ј.Ј.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.