Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Медиумите во Македонија се ослободија од прангите на режимот

0
By Нова ТВ on May 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска во светот се одбележува 3 Мај, меѓународниот ден на слободата на медиумите. Последните извештаи на ЕК и на другите меѓународни организации констатираа напредок во однос на условите во кои работат новинарите во Македонија, но дека останува уште многу да се направи.

Нема слободни медиуми со исплашени новинари

По повод Светскиот ден на слободата на медиумите 3 мај, ССНМ уште еднаш укажува на неопходноста од итна промена на приоритетите и фокусирање на работните и професионални права на новинарите и медиумските работници како место од кое почнува, но и во кое може да заврши искривоколчувањето на професијата.

-Не случајно веќе неколку години по ред во извештаите за слободата на медиумите во Македонија, вклучително и последниот на Репортери без граници, констатираат дека тие се слабо платени и работат во несигурни услови. Впрочем податоците говорат сами за себе: платите во медиумите се под 300 евра, што е далеку под нивото на просечната плата во Македонија, но и под регионалниот просек.

Дополнително повеќе од половината или околу 54 проценти од медиумските работници и новинари не се вработени постојано, односно немаат договори на неопределено време, а ситуацијата е особено драматична во дигиталната сфера каде неминовно се сели доскоро традиционалното печатено новинарство.

Колективните договори се мислена именка, за нив малку знаат и работниците и работодавачите, а станува збор за документ кој ги уредува сите витални прашања за функционирањето на медиумите.

Условите во кои работат новинарите, но и медиумските работници, директно се рефлектираат на квалитетот на медиумската содржина. Новинарството е професија која се бори за уставното право на секој граѓанин да располага со факти на кои може да им верува, да добие потребни информации во извештаи кои се напишани со внимание и прецизност.

Кредибилни медиуми кои инвестираат во идните генерации и кои му служат на јавниот интерес не се флоскула или некаков хир на новинарите, туку суштинска потреба на секоја земја која сака да се нарекува демократска. А тие не се можни доколку во нив работат економско уценети и исплашени луѓе.

Оттаму, крајно време е прашањето за работните и професионални услови на новинарите и медиумските работници да го ставиме во центарот на дебатата за тоа какви медиуми сакаме во Македонија. Заканата од лажни вести пред која е иставено квалитетното новинарство во нашата земја која стана синоним за „лажни вести“ не може да биде победена со слабо платена, недоволно обучена работна сила која не е заштитена со колективен договор.

Се додека нашите колеги се со ниски плати, се додека се соочуваат со растечки тренд на хонорарни или времени вработувања, со следење на ризични настани без какво и да е осигурување, со родова нееднаквост и кршење на авторските права тие нема да можат соодветно да одговорат на инвазијата од пропагандистички центри поради што довербата во професијата, но и демократскиот амбиент во земјава ќе продолжи по надолна линија, се вели во порката од ССНМ.

Што забележа ЕК

Направен е добар прогрес во слободата на изразување, особено во подобрувањето на климата за работа на медиумите и намалување на притисокот врз новинарите, констатира ЕК во извештајот за напредокот на Македонија.

Медиумите и новинарите од средината на минатата година можат послободно да го критикуваат несоодветното однесување на официјалните претставници, без цензура. Во консултација со разни чинители подготвен е Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

ЕК укажува дека, сепак, неопходно е натамошно подобрување, вклучувајќи и реформа на јавниот радиодифузен сервис и поголема заштита на новинарите и нивните права.

Мора да има нула толеранција за физички и вербални напади и закани врз новинари. Јавниот радиодифузен сервис треба да се реформира и да се зајакне неговата независност. Поправени се некои од забелешките во претходните извештаи, особено за укинување на владиното рекламирање и намалување на притисокот врз новинарите што овозможи побалансирано известување. Покрај реформата на јавниот сервис, ЕК препорачува мерки за поддршка на објективното известување и разновидност на гледиштата во главните медиуми, зајакнување на професионалноста на медиумите, како и санкционирање на сите форми на насилство против новинарите.

Потребни се и мерки за промовирање на поволно опкружување за слобода на изразување, поттикнување на професионално однесување на сите заинтересирани страни во медиумите, професионализам и точно известување. Треба да се обезбеди и соодветно следење на сите случаи на насилство врз новинарите од страна на органите за спроведување на законот и судските органи, оценува ЕК.

Репортери без граници: Запреа системските напади

Македонија е рангирана на 109-то место во најновиот Извештај за слобода на медиумите на Репортери без граници, што е напредок за две места во споредба со минатата година кога беше на 111-та.

Во извештајот се наведува дека „систематските напади на слободата на медиумите била констатна појава за време на децениското владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кое конечно заврши со изборот на новата влада во јуни 2017 година“.

– За време на десетгодишното владеење, Груевски воспостави ниво на контрола врз медиумите што не можеше да се спореди со ниедна друга балканска земја, а многу опозициски медиуми мораа да згаснат, се вели во Извештајот .

Репортери без граници оценува дека Јавниот радио-телевизиски сервис „се уште е во служба на ВМРО-ДПМНЕ“.

– Падот на режимот на Груевски доведе до намалување на владината контрола врз медиумите, но се уште е рано со сигурност да се оценат владините намери да создаде трајно подобрување на ситуацијата. Нема значителни промени во економската ситуација на новинарите во Македонија кои се слабо платени, а работните места не им се сигурни, стои во Извештајот.

Како е во светот

Од земјите во во регионот, најслободни медиуми има во Словенија која е на 32. место, Босна и Херцеговина е 62., Хрватска 68, Грција 74, Албанија е 75, Србија 76, Косово 78, Црна Гора 103-та, а Бугарија е на 111. место.

Во светот најслободни медиуми има во Норвешка, Шведска и Холандија, а слободата на медиумите е најзагрозена во Туркменистан, Северна Кореја и Еритреја.

ЗНМ слобода на медиуми ССНМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.