Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Медиумските напади се исплатливи кога режимот плаќа

0
By Нова ТВ on August 10, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 10, 2018 21:16

Пишува Суад Бегановиќ, Прометеј, Босна и Херцеговина

Дваесетина дена по објавувањето на аматерското видео за студентите и студентките на јавната кантонална телевизија Сараево , се е минато, а јавноста уште еднаш можеше да се увери дека е исплатливо да се нападне од позиција на режим, да се издржат првите три денови на јавни, но бескорисни осуди, и да се продолжи да се работи во корист на режимот.

Потсетуваме, на дневникот на ТВСА со одлука на Суад Карамустафиќ излезе прилог во кој водителката го коментира изгледот на една студентка, омаловажувајќи го нејзиниот изглед. Прилогот настана како одбрана на предлогот Харис Захирагиќ, поранешен претседател на Студентскиот парламент, кој учествува во Управниот одбор да се воведе Кодекс на Универзитетот Сараево, кој ќе го пропишува облекувањето, и уште поопасно, однесувањето.

Се испостави дека наведената студентка не е студентка туку Владана Васиќ, координаторка на Сараевскиот отворен центар. Самата Васиќ најдобро го заогружи оркестрираниот режимски обид за наметнување на рихидни вредности преку кодексот на облекување.

– Нивниот предлог само го потцртува она што беше проблематично и во самиот нацрт на кодексот. Наместо на Универзитетот и медиумите, фокусот да биде на она што се зборува и квалитетот на содржината која се произведува и репродуцира, фокусот е на изгледот и облеката на личностите. Освен тоа, човековото тело, особено женско, и неговата презентација во јавноста дефинитивно не смее да се користи за дискредитирање на другите, нити да се претставува како нешто непристојно. Доколку медиумите, професорите или студенти сметаат дека ги провоцира нечија кожа или делови од телото, тогаш проблемот е во нив, и нивната самоконтрола – изјави Васиќ.

По бурата која настана, ТВСА се огради од прилогот, насочувајќи ја вината кон еден човек, Регулаторната агенција за комуникација најави дека ќе покрене дисциплинска постапка. Сепак, тука се наоѓа коренот на проблемот. Невозможно е прилогот на ТВСА да биде означен како дело на поединец, кога наведената телевизија од самиот почеток била редовен медиумски пропагатор на Харис Захирагиќ, а нејзината преданост на СДА (Странка за демократска акција) не е во прашање. Кога на тоа ќе се додаде дека Захирагиќ е член на СДА, кругот е затворен.

Со прилогот на ТВСА се покажа колку овдешните медиуми и јавни сервиси се далеку од тоа да сфатат дека лицитирањето со туѓите тела припаѓа на времињата кога особено жените се сметале за објект на посакување, предмет на поседување подложен на примитивна употреба и наметнување на патријархални вредности спакувани во разни пакети на морални нормативи, каков што е споменатиот кодекс.

Друг, проблематичен дел се состои во фактот дека јавниот сервис, под полна контрола на режимот, почна јавно да ги става на мета граѓаните кои не мислат исто како конзервативното верско движење наречено СДА. Во дигиталната доба да се објави прилог кој јавно дискредитира одредено лице, или група неистомисленици е еднакво на ставање жолта лента на раката во времето кога телевизијата не била достапна секому. Фактот дека ТВСА објавува ваков прилог не е само инцидент. Тоа е многу јасна и прецизна порака дека секој кој не мисли исто како СДА ќе заврши на столбот на срамот, на телевизија, ќе му биде објавено името и визуелниот идентитет.

За режимот Владана Васиќ е разголена и неморална, сведена на една карактеристика, трајно непожелна за општеството кое негува едноумие, диктат на конзервативни наративи.

Многу поопасен дел од кодексот се однесува на непожелен модел на однесување. Тој наведува дека професорот не би смеел да изнесува нешто што штети на угледот на УНСА е под контрола на СДА, бидејќи тоа би нанело штета на таа институција. Слободата на говорот е потисната со одлуките на една партија.

Сумирано, една партија стои за УНСА, кодексот, тој медиумски сервис кој врши медиумски линч под секој професионален стандард. Тврдењата дека се работи за инцидент немаат основа.

Дваесет дена после прилогот, актерите кои ги ставија на мета неистомислениците продолжуваат да работат во јавниот сервис, примаат плати за добро завршената партиска задача, додека жртвите на овој координиран медиумски напад остануваат демотивирани и разочарани од системот, кој јасно порачива дека може да се преминат границите и да прави што сака, без казни.

 

*„Проектот е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.