Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ денеска одбележа 25 години постоење. Од амбасадата се задоволни што многу нивни иницијативи биле земени како законски решенија, но објаснуваат дека имале и притисоци, што направиле да имаат подбора работа.
На конференцијата за одбележување на 25 – годишнината гости беа ученици од основното училиште „Круме Кепески“, кои изработуваа оригами.
Коле Ангеловски, амбасадор на „Меѓаши“ истакнa дека амбасадата помагајќи ги децата и нивните права, поминала и низ воени кризи, но и мирнодопски ситуации, секогаш со максимална посветеност и реализација на проекти кои суштински ги подобриле правата на децата
[polldaddy survey=”8A989992862E61CA” type=”slider” title=”Учествувајте во нашата анкета!” body=”Дали Ви се
допадна содржината на видеото?” button=”Започнете »”]