Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓународен ден за борба против корупција

0
By Нова ТВ on December 9, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 9, 2013 10:29

По повод меѓународниот ден за борба против корупција Транспаренси Интернешнл – Македонија денеска организира кампања под мотото „Приклучи се и ти во борбата против корупцијата – повлечи црвена линија“ која ќе се спроведе со почеток од 11 – 13 часот на две локации: пред Домот на културата во Тетово и на плоштад “Слобода” во Штип.

ТИ-Македонија ги повикува граѓаните на Тетово и Штип и околните места во тие региони, на 9-ти декемви да се приклучат кон кампањата и да придонесат кон заложбите за осветлување и пријавување на коруптивните практики кои треба да бидат забележани и документирани со цел да бидат елиминирани.

Граѓаните на овој начин ќе имаат можност да се запознаат со работата на ТИ-Македонија, отвореноста на канцелариите за соработка преку “Центарите за совети и правна помош” во Скопје Тетово и Штип, давајќи при тоа заеднички придонес во борбата против корупцијата.

Меѓународниот ден за борба против корупција се одбележува со цел да се укаже на распространетоста на оваа општествена појава и да се промовираат ефикасни мерки за нејзино спречување. Организацијата на Обединетите Нации (ООН) на 9 декември 2003 година во Мерида ја усвоија Конвенцијата за борба против корупција (УНКАК), чија основна цел е унапредување и јакнење на мерките за ефикасно и успешно спречување и борба против корупцијата.

Државите членки со прифаќање на Конвенцијата изразија загриженост поради сериозноста на проблемот и заканата која корупцијата ја претставува во однос на стабилноста и безбедноста, нагризувајќи го системот и загрозувајќи го одржливиот развој и владеење на правото. Со тоа Конвенцијата стана најзначајниот меѓународен антикорупциски инструмент и прв правно обврзувачки меѓународен документ од оваа област.

Република Македонија, во 2007 година ја ратификуваше Конвенцијата на ООН, со што формално се приклучи на глобалните процеси за борба против корупцијата. Меѓутоа, корупцијата и понатаму претставува проблем од висок приоритет за Република Македонија.
Резултатот од годинешниот Индекс на перцепција на корупцијата е речиси идентичен со резултатот од минатата година (43 : 44 индексни поени) и укажува на тоа дека постои застој во подобрувањето на состојбите во оваа сфера. Исто така, Барометарот на глобалната корупција за Македонија во 2013 година (истаржување кое се темели на перцепцијата и искуствата на луѓето за корупцијата) покажа дека проблемот со корупција во јавниот сектор сеуште е виско оценет со 4,1 (на скала каде 1 – не се воопшто и 5 сериозен проблем).

Но, охрабрувачки е податокот дека 82 % од граѓаните се изјасниле дека се спремни да се борат против корупцијата.

Покажете ја вашата спремност да се борите против ова зло кое ги најмногу ги засега граѓаните кога треба да си ги остварат нивните права, порачуваат од Транспаренси Интернешнл – Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
ФОКУС
April 9, 2026

Руте: Трамп е во право за Гренланд

ВЕСТИ April 9, 2026

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека се водат преговори со САД, Данска и…

Стартува новиот систем за влез во ЕУ – од утре повеќе чекање на нејзините граници

April 9, 2026

Израел на над 100 локации го нападна Либан – стотици мртви и ранети

April 8, 2026

Пакистан го објави примирјето меѓу Иран и САД

April 8, 2026
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.