Најголемата европска он-лајн покер играчница во Европа, ТитанПокер, им нуди можност на своите играчи да добијат место на фестивалите за покер во рамките на ПокерФест 2013, а кои ќе се одржат во Македонија и во Романија.
Македонскиот ПокерФест ќе се одржи во казиното во Гевгелија, а романскиот на брегот на Црното Море.
ТитанПокер им нуди награди од 1.200 евра на победниците на нивните турнири СуперСателит, а како дел од наградите победниците ќе добијат по 540 евра плус 640 евра кои можат да ги користат за комар на овие турнири во Македонија и Романија. Тие ќе добијат и пари за летовите, трансферите и сместување во луксузни хотелски капацитети.
СуперСателит турнирите, за кои е потребно учество од 28,5+1,5 евра, се одржуваат на интернет секоја недела во 18.30 часот според времето на серверот.
ПокерФест турнирот во Македонија ќе се одржи од 24-28 јуни 2013 година во Рамада и Принцес Хотел и Казино во Гевгелија, кој има 5 ѕвездички. Турнирот е прв што се одржува надвор од Велика Британија од овогодинешниот ПокерФест.