Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓународната заедница до 20 февруари ќе ги оцени условите за избори во април

0
By Влатко Чаловски on January 29, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 29, 2016 17:02


Амбасадорите на САД и ЕУ, Аиво Орав и Џес Бејли, на попладневната средба со техничкиот премиер Емил Димитриев порачаа дека остануваат уште многу важи работи да се решат од Договорот од Пржино, а фокусот е ставен на медиумите и изборите.

Пред распуштање на Собранието, но не подоцна од 20 февруари ЕУ и САД заедно ќе го оценат спроведувањето на обврските од Пржино, како и тоа дали се исполнети условите за веродостојни избори на 24 април.

Исто така, тие порачаа ДИК да биде целосно обезбедена со персонал и финансии. Што се однесува до Избирачкиот список, побараа до 19 февруари да бидат завршени првичните вркстени проверки на сите релевантни бази на податоци, вклучително и теренските проверки.

– Мора да постои јасна законска рамка за навремено отстранување на имиња кои не припаѓаат во избирачкиот список, рекоа тие во заедничката изјава.

– Сите лидери на политичките партии да се воздржат од напаѓање на јавни фунцкионери чија цел е да работат за да се обезбедат кредибилни и веродостојни избори на 24 април, додаде Бејли.

Амбасадорите, исто така, рекоа и дека 19 февруари е рокот кога мора да се постигне договор за медиумските реформи, а телевизиите да демонстрираат „објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења“.

Претставниците на САД и ЕУ пред Димитриев појаснија дека високите функционери мора да дадат јасни и писмени инструкции дека нема да се толерира никаков притисок врз вработените во јавната администрација и дека ниту еден граѓанин нема да се плаши за своето вработување или примање на социјални бенефиции без разлика која партија или кандидат поддржуваат.

Ваквите инструкции Бејли и Орав ги испратиле и до сите четворица лидери на партии.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.