Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун апелираше денеска за максимална воздржаност по најновиот развој на случувањата во Египет.
На Твитер неговиот портпарол напиша дека Бан е вознемирен од она што се случува во Каиро и повторно апелирал за воздржаност.
Европската унија е силно вознемирена поради информациите дека во денешната полициската операција во Каиро се убиени демонстранти, изјави портпаролот на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Мајкл Ман.
И шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле ги повика сите политички сили да се дистанцираат од насилството.