„Со зголемена загриженост ја следиме политичката состојба во земјава. Потребни се итни мерки за надминување на политичките тензии кои уследија по настаните од 24 декември.“

Се вели во реакцијата на шефовите на мисиите на Европската Унија, Канцеларијата за врски на НАТО, ОБСЕ и на Соединетите Американски Држави.

– Ги повикуваме сите страни максимално да го зајакнат политичкиот дијалог, да се фокусираат на стратешките приоритети на земјата и да ги стават на прво место најдобрите интереси на земјата и нејзините граѓани, се вели во реакцијата на меѓународните институции присутни во државата.