Меѓународниот ПЕН и македонскиот ПЕН соопштија дека се длабоко засегнати од неодамнешните откритија дека Македонија наводно ги подложувала своите новинари и повеќе државни институции на масовен, неовластен надзор.
ПЕН изкажува вознемиреност од обидот на Јавно обвинителство, како што наведуваат, за превентивно цензурирање на новинарите кои истражуваат наводи за владина корупција.
– Слободното изразување, јавно и приватно, во Македонија е под закана во пораст.
Споведената анкета во декември 2014, покажа дека повеќе од половина од македонските државјани чувствуваат страв отворено да ги изразат своите мислења и дека речиси две третини сметаат дека се подложени на државно надгледување. Новинарите и активистите, често во фокусот на острите тактики насочени да ја поразат критиката на владата, се принудени на самоцензура пред стравот од надзорот, се наведува во соопштението.
Тие велат ова се потврдило во февруари, кога лидерот на СДСМ, Зоран Заев, реч дека помеѓу доказите кои ги поседува од прислушуваните телегонски разговори, кои биле под наредба на Груевски, покажуваат дека над 20.000 македонски државјани биле подложени на надзор, од страна на Премиероти неговиот братучед, директорот на Агенцијата за разузнавање.
„Но, неавторизираниот масовен надзор е само еден од методите со кои државата очигледно се служела за да ги замолчи критиките. На 3-ти февруари, десет дена пред Заев јавно да ги искаже обвинувањата, јавното обвинителство издаде изјава соопштувајќи дека „објавувањето на материјали кои што може да станат предмет на натамошната кривична постапка е забрането и казниво со Закон“. Среде опозициските обвинувања за масовна корупција и злоупотреба на власта од страна на актуелната влада, оваа објава – длабоко вознемирувачки обид за превентивна цензура – беше јасно наменета да ги заплаши и замолчи критичарите во медиумите и опозицијата“, наведуваат меѓународниот и македонскиот ПЕН во заедничката изјава.
Оттаму апелираат до македонските надлежни органи веднаш да стават крај на неовластениот „бланкет“ надзор на новинари и граѓани во Македонија и бараат македонските надлежни органи недвосмислено да го објаснат значењето на февруарското соопштение на Јавното обвинителство, прецизно да ги посочат околностите кои информациите ќе се сметаат за службена тајна и да образложат точно како и кога членовите на медиумите и сите засегнати граѓани ќе знаат дека таквите околоности се применети.




