Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓународен ден на човековите права

0
By Нова ТВ on December 10, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 10 декември 1948 година во Париз, Генералното собрание на ОН ја усвои Универзалната декларација за човекови права, со што овој ден се одбележува како Меѓународен ден на човековите права.

Декларацијата е создадена во  периодот по Втората светска војна и означува прво глобално изразување на основни права на сите луѓе.

Таа се состои од 30 члена кои се вклучени во подоцнежни меѓународни договори, регионални инструменти за човекови права, национални устави и закони, а во неа се вградени Универзалната декларација за човекови права, Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права и Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и неговите два факултативни протоколи.

Во 1966 година донесени се два детални пакта од Генералното собрание, кои ја комплетираат Меѓународната повелба за човекови права во 1976 година, со што Повелбата станува меѓународен закон, а денот на донесувањето на Декларацијата се воспоставува како ден со кој ќе се одбележуваат човековите права на глобално ниво затоа што, како што промулгира Декларацијата, „Сите луѓе се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права.“

Фундаменталните постулати врз кои се заснова Универзалната декларација за човековите права укажуваат на фактот дека слободите и правата се дадени за сите, секаде во светот, во секое време и место.

Во Декларацијата  се истакнува меѓудругото дека секој има право на правата и слободите објавени во неа, без разлика на расата, бојата на кожата, полот, јазикот, религијата, политичкото или друг вид на убедување, националното или социјалното потекло, имотот, раѓањето или друго.

Секој има право на живот, слобода и сигурност на личноста и сите луѓе се исти пред законот и имаат право на еднаква законска заштита. Сите имаат право на еднаква заштита од секаков вид дискриминација што ја повредува оваа декларација и од секакво поттикнување таков вид дискриминација.

Секој кој е обвинет за казниво дејствување има право да важи за невин сè додека неговата вина не биде докажана во јавна постапка во согласност со законот, при што ги добива сите гаранции нужни за неговата одбрана.

Никој не смее да биде казнет за дејство или потфат кои во времето на неговото изведување не претставувале казниви дела според националното и меѓународното право. Исто така, не смее да биде изречена потешка казна од онаа што се заканува во моментот на изведување на казнивото дело.

10 декември Меѓународен ден на човековите права
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.