Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓународна конференција „Сеопфатен пристап во борбата против транснационалниот тероризам: глобални предизвици и одговори на тероризмот“

0
By Mirjana on December 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 3, 2021 15:31

Насилниот екстремизам претставува најексплоатираната база за терористичко делување. Затоа од огромна важност е воочување на потребите и причините што можат да доведат до оваа појава, бидејќи ваквите состојби претставуваат закана за просперитетот, владеењето на правото, развојот на модерното општество и севкупната регионална стабилност. Предизвиците со коишто Министерството за внатрешни работи се соочува, во насока на сузбивање на транснационалниот организиран криминал, од година во година стануваат се покомплексни и наложуваат продлабочување на меѓународна соработка помеѓу земјите од регионот, но и пошироко, особено во делот на меѓународната правна помош.

Ова го истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во своето видео-обраќање на денешната меѓународна конференција на тема „Сеопфатен пристап во борбата против транснационалниот тероризам: глобални предизвици и одговори на тероризмот“, организирана од Американскиот Универзитет на Европа – ФОН, заедно со Корот на карабинерите, како дел од активностите за имплементација на твининг проектот на Европската Унија, којшто се однесува на зајакнување на капацитетите за координација во спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризам.

Целта на проектот, се вели во соопштението од ФОН, е зајакнување на ефикасноста и ефективноста на националните органи за гранична контрола, управување со миграциските текови, борба против тероризмот и организираниот криминал, а негов специфичен фокус е зајакнување на техничките и административни капацитети за откривање, истрага и спречување на тероризам.

-Потребен е сеопфатен пристап за борба против терористичките напади. Мораме да го прекинеме циклусот со рано откривање на потенцијалните закани со тоа што ќе знаеме какви активности да преземеме за да се бориме против споменатите напади и ќе сфатиме дека сите ние имаме голем удел во борбата против тероризмот, истакна во своето обраќање Паоло Воленте, претставник од Корот на карабинерите.

Зборувајќи на темата „Интелигенција со отворен код“ Франческо Ди Џузепе од Корот на карабинерите истакна дека Интернетот стана главниот систем кој криминалците и тероризмот го користитат за комуникација и пренесување информации, како и материјална поддршка за планирани терористички акти, од кои сите бараат специфични технички знаења за ефективна истрага за овие дела. Во овој контекст, според Џузепе исклучително се важни подготовките на работната средина (оперативен систем, виртуелни машини, виртуелни приватни мрежи, прелистувачи итн.), и главните алатки и процедури за враќање на добиените податоци.

Генералниот директор на АЕУ – ФОН Сефер Цаноски на почетокот на конференцијата изрази жалење за загинатите сограѓани во сообраќајната несреќа во Република Бугарија, при што заедно со останатите присутни изразија почит кон настраданите со едноминутно молчење.

-Теодор Рузвел рекол-Направете што можете, со она што го имате, каде што се. Во овие тешки времиња на пандемијата и во овој свет на брзи промени во кој денеска живееме, ние универзитетите имаме обврска да ја задржиме не само вековната улога која ја имаме да креираме и да пренесуваме знаење, туку и да ги подготвиме нашата професорска, студентска и општествена заедница за новите предизвици кои ги носи денешното време на дигитализација и глобализација. Да одиме напред базирани на најдобриот учител- науката. Научните собири на универзитетите биле и ќе останат најдобрите места за тоа, истакна во своето обраќање Цаноски.

Ректорот на Американскиот Универзитет на Европа – ФОН, Мирко Трипуноски, потенцираше дека Универзитетот со денешната конференција дава конкретен придонес во развојот на капацитетите на националните безбедносни служби и вештините за борба против организиран криминал и тероризам, како и во развојот и примената на алатките кои се неопходни за решавање на меѓународните безбедносни предизвици под покровителство и во соработка со ОН, НАТО, ЕУ и ОБСЕ.

Конференцијата на тема „Сеопфатен пристап во борбата против транснационалниот тероризам: глобални предизвици и одговори на тероризмот“, Американскиот Универзитет на Европа – ФОН ја реализираше заедно со Корот на Карабинери од Република Италија, која претставува модерна национална полициска сила со воен статус во постојан сервис на јавната безбедност, а со финансиска поддршка од Европската Унија.

На конференција која се одвиваше на хибриден начин, со физичко присуство и онлајн заради ковид протоколите кои ги наметна пандемијата, учествуваа околу триесетина учесници, од седум држави и девет државни и приватни универзитети, пред сè истражувачи и експерти во референтните области од Италија, Грција, Шпанија, Бугарија, Хрватска, Србија, од нашата земја и се разбира од АУЕ ФОН Универзитетот, кој има долгогодишно академско искуство во адресирањето на сите најсуштински проблеми во областа, стекнато низ наставните и научни активности до повеќе факултети

Меѓународна конференција МИНАЛ И КОРУПЦИЈА ПРОТИВ ОРГ.КРИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.