Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓународната заедница потврди дека не се признава анексијата на Крим

0
By НОВА ТВ on August 24, 2021 СВЕТ
epa09425943 A handout photo made available by the Presidential press service shows the participants of the Crimea Platform summit who pose for a group photo in Kiev, Ukraine, 23 August 2021. The Crimea Platform is a new international consultation and coordination format set up to develop the initiative put forward by the President of Ukraine and aimed at improving the effectiveness of the international response to the ongoing occupation of Crimea. EPA-EFE/PRESIDENTIAL PRESS SERVICE HANDOUT HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Учесниците на вчерашниот инаугуративен самит на Кримската платформа испратија порака до Украина дека не е сама и дека меѓународната заедница нема да ја признае анексијата на Крим, и преку новата платформа заедно ќе работат на барање решение за ова прашање.

Украинскиот претседател вети дека ќе стори сé за да го врати полуостровот Крим, кој беше припоен кон Русија пред седум години, и ги повика меѓународните сојузници да ги поддржат овие напори.

Домаќинот на Кримскиот форум, украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека на Украина „и е потребна меѓународна поддршка“ со цел да се „запре руската агресија“.

– Треба да размислиме за санкции, да ја зголемиме заштитата на човековите права, треба да размислиме за економските и еколошките последици од окупацијата, рече Зеленски.

Тој зборуваше на самитот Кримска платформа, кој Украина го организираше за да го зголеми притисокот врз Русија поради анексијата во 2014 година, која поголемиот дел од светот ја прогласи за нелегална. Ова придонесе за исклучително заладување на односите меѓу западните земји и Русија.

Во воведниот говор, Зеленски вети „дека ќе стори сé за да го врати Крим, така што Крим, заедно со Украина, ќе стане дел од Европа“. – За тоа ќе ги искористиме сите можни политички, правни и, пред се, дипломатски средства, рече Зеленски, додавајќи дека на Киев му треба „ефикасна поддршка на меѓународно ниво“.

Зеленски ја обвини Русија дека го претвори Крим во „воена база“ и „упориште за Русија да го зголеми своето влијание во регионот на Црното Море“. Тој рече дека Москва тројно го зголемила своето воено присуство на Крим.

На самитот присуствуваа високи претставници од 46 земји и блокови, вклучувајќи ги САД, ЕУ и Турција.

На самитот имаше претставници од сите 30 земји -членки на НАТО, меѓу кои и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи. Тој  во своето обраќање ја реафирмираше недвосмислената поддршка на Република Северна Македонија за суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите на Украина, подвлекувајќи ја важноста од заштита на човековите права и меѓународното хуманитарно право.

– Република Северна Македонија го поздравува одржувањето на Самитот за Кримската платформа иницирана како меѓународен координативен механизам за повторно разгледување на прашањето за Крим, со нагласување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, потпирајќи се на нормите на меѓународното право, резолуциите на Генералното собрание на ОН и одлуките на другите меѓународни организации, истакнал Османи, се наведува во соопштението од МНР.

Во рамки на настанот, беше усвоена заедничка декларација на учесниците на меѓународната платформа за Крим, на која се придружи и Република Северна Македонија.

Кримската платформа“ е повикана да стане меѓународен консултациски и координациски механизам со цел да се постигне „мирен прекин на привремено окупираната територија на Крим“ од страна на Русија. Ова е напишано во текстот на конечниот документ усвоен вчера по завршувањето на првиот состанок во Киев.

За таа цел, декларацијата упатува повик до Русија да се вклучи во конструктивно учество во активностите на меѓународната платформа, за што претходно беше разговарано во Киев. Во исто време, во секое министерство за надворешни работи на земјите учеснички се планира да се формира соодветна „контакт точка“ на Крим.

Објаснувајќи го значењето на документот, Зеленски рече дека „јасно се наведува непризнавањето на илегалната анексија на Крим и обврската да се разговара за воведување дополнителни политички, дипломатски и ограничувачки санкции против Русија во случај на натамошна агресија”.

Тој, исто така, истакна дека во документот се наведуваат „заедничките напори на сите земји учеснички за зајакнување на безбедноста и стабилноста во регионот на Црното Море“.

Зеленски повтори дека декларацијата е отворена за пристапување на други земји и меѓународни организации. – Убеден сум дека многу од нив ќе се приклучат на тоа многу брзо, рече тој.

– Ја покануваме Руската Федерација да се приклучи на платформата на Крим. Секогаш ќе има место во декларацијата за потпис на претставникот на Русија, рече Зеленски.

За време на форумот, говорите на шефовите на делегациите главно се состоеја од повторување на декларираната независност и територијален интегритет на Украина и потврда дека тие сметаат дека Крим е дел од Украина. Сепак, не се објавени конкретни иницијативи во овој поглед.

Американската министерка за енергетика Џенифер Гренхолм, која ја предводеше американската делегација, исто така, го увери Киев дека Вашингтон ќе продолжи да дава финансиска и воена помош за Украина, вклучително и снабдување со одбранбено оружје.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел истакна: Наша задача е да се осигураме дека анексијата никогаш нема да биде легализирана.

Во својот говор на Самитот, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја честиташе 30-годишнината од независноста на Украина. Потсетувајќи дека поминале повеќе од седум години од илегалната анексија на Крим, Чавушоглу рече: Нашата поддршка за територијалниот интегритет на Украина е многу силна. Меѓународната заедница мора да биде едногласна против ова кршење на меѓународното право.

– Веруваме дека Кримската платформа ќе послужи како ефективен форум за да ја покажеме нашата солидарност и посветеност, рече Чавушоглу. Тој додаде дека Кримската платформа не е само за регионот, туку и за народот.

– Во сегашните околности не постои лесно решение за овој проблем (илегална анексија на Крим). За жал, меѓународниот систем, вклучително и механизмот на Обединетите нации, не е добро дизајниран за да може да го реши. Сè уште единствениот пат за мирно решение е дипломатијата. Затоа е потребна активна координација. Оваа платформа означува важен почеток во координирањето на нашите напори за да можеме да постигнеме мирно и долгорочно решение. Крим е Украина!

Словенечкиот претседател Борут Пахор, пак, го повика Киев на дијалог со Москва, што ќе биде „исклучително тешка задача која ќе бара многу политичка храброст и мудрост“.

Унгарскиот претседател Јанош Адер ги критикуваше украинските власти за ограничување на правата на Унгарците во земјата, особено во изучувањето на унгарскиот јазик. – Се надеваме дека Украина ќе може да обезбеди сигурна иднина за сите нејзини граѓани и дека Унгарците ќе можат да се чувствуваат како дома во Украина, рече тој.

Германскиот министер за економија Петер Алтмаер истакна дека германската Влада, заедно со своите партнери од ЕУ, цврсто е посветена на територијалниот интегритет на Украина и непризнавање на руската анексија на Крим, која е спротивна на меѓународното право, како и на задржување на санкциите против Русија поради Крим.

Од своја страна, Русија негативно го оцени Самитот. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков го осуди самитот како „антируски настан“. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров го оквалификува настанот како „собир на вештерки“.

Во април, Русија го зголеми бројот на војници во близина на нејзините граници со Украина, вклучувајќи го и Крим, што предизвика бес кај меѓународната заедница.

– Окупацијата на Крим ја доведува во прашање ефикасноста на целиот меѓународен безбедносен систем, рече украинскиот претседател.

Тој нагласи дека без доверба во меѓународниот безбедносен систем, ниту една земја не може да биде сигурна дека нема да стане следната жртва на окупацијата.

Зеленски Крим Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.