Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓународната заедница за „Рекет“: Правната држава да се покаже на дело

0
By Нова ТВ on August 14, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 14, 2019 07:57

Меѓународната заедница деновиве е едногласна во барањето до властите во Северна Македонија во врска со случајот „Рекет“ да покажат на дело дека во земјата има владеење на правото и дека правната држава функционира.

Амбасадорките на САД и на Велика Британија Кејт Брнс и Рејчел Галовеј споделувајќи ја објавата на еврокомесарот Јоханес Хан за случајот „Рекет“ и борбата против корупцијата, на своите официјални Твитер профили порачаа земјата да покаже заложба за придржување кон владеење на правото.

-Како што рековме претходно, ова се сериозни обвиненија за кои е потребен сериозен одговор, кој ќе биде темелен, транспарентен и навремен. Сега е време Северна Македонија да покаже заложба за придржување кон владеењето на правото, напиша Брнс на Твитер.

За Галовеј зацврстувањето на владеењето на правото е од витално значење за Северна Македонија.

– Зацврстувањето на владеењето на правото е од витално значење на Северна Македонија и можност за независните институции да покажат посветенсот на правдата за сите граѓани, објави на Твитер британската амбасадорка.

По објавувањето на снимените разговори во врска со случајот „Рекет“, викендот на Твитер се огласи еврокомесарот за проширување и соседска политика Хан, кој порача дека борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи.

– Северна Македонија: Борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи непрекинато. Што се однесува до најновите откритија, важно е да се утврди правна одговорност за сите кривични дела, вклучително и оние што произлегуваат од и околу илегалните прислушувања, наведува Хан во објавата.

Тој натаму посочува и дека никој не е над законот и не може да има неказнивост.

– Сите кривични дела мора да бидат испитани од надлежните органи, ослободени од какво било мешање, а сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата, порачува еврокомесарот Хан во објавата на Твитер.

Даниел Сервер од Универзитетот „Џон Хопикинс“, во коментар за истрагата околу случајот „Рекет“ и можната поврзаност на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, изјави дека ваквите случаи треба да имаат судска разрешница, укажувајќи при тоа дека тоа може да биде процес кој нема да заврши брзо.

-Сметам дека главно во моментов е Владата да стави до знаење дека е посветена на обемна и фер судска истрага, и ако треба, судење на оние кои го извршиле криминалот, изјави тој за МИА.

На прашање дали случајот би можел да се одрази врз пристапните преговори со ЕУ, Сервер изјави дека тоа зависи од самата Унија.

-До Брисел е да одлучи дали треба некакво одложување. Но, убеден сум дека искрена и јасна посветеност на Владата ќе го отвори патот за отварање на преговорите, изјави Сервер.

Со сличен коментар се огласи и Пол Мекарти, директор за Европа во Меѓународниот републикански институт во Вашингтон, кој укажа дека треба да се дозволи истрагата да продолжи понатаму за да се види што всушност е точно, а што не е.

-Во овој момент ние ги имаме само овие снимки и тоа сигурно е загрижувачки. САД, особено Меѓународниот републикански институт, водат голема грижа за институционална транспарентност и силно судство. Истрагата треба да биде завршена, изјави Мекарти за Гласот на Америка.

Тој вели дека опозицијата треба да почека да се реши случајот, пред да излегува со какви било заклучоци. Важно е да биде конструктивна, а американските пријатели се тука за да ја потсетат на тоа, рече тој.

Со свој став се јави и претседателот на државата Стево Пендаровски, кој на прес-конференција во Вилата „Водно“ побара брзо расчистување на аферата „Рекет“ од аспект на интеграциите на земјата во ЕУ и НАТО.

 –Мораме брзо да ја расчистиме аферата „Рекет“ од аспект на евроатлантските интеграции. Можеби не во однос на НАТО, бидејќи таму сме во завршните фази од процедурата, но во однос на ЕУ не смееме да оставиме ниту најмал сомнеж, ниту кај една единствена земја членка на ЕУ дека ние не сме подготвени да расчистиме и вакви случаи, порача Пендаровски.

За тоа колку аферата „Рекет“ ќе влијае на добивањето датум за почеток на преговори со ЕУ, претседателот Пендаровски е дециден дека во овој момент од информациите што ги има од ЕУ и Европската комисија, нема промена во ниту една земја членка во насока за ревидирање на нивниот став.

Потсети дека одложувањето во јуни беше од технички причини заради германскиот Бундестаг, кој на 27 и 28 септември треба да ја одржи сесијата на која ќе даде зелено светло.

– Нема промена, но ние мораме да дуваме и на јогурт. Не смееме да се опуштиме. И помали афери од оваа се повод некои од земјите членки, бидејќи не го сакаат проектот на проширување, да кажат не ни требаат овие од Западен Балкан, кој било. Имаме обврска да не им дадеме аргумент плус на таквите нивни политички настојувања, оцени Пендаровски кој додаде дека разговарал и добил уверување од некои негови пријатели во Брисел, дека досега нема битна промена на расположението во главните градови кои решаваат за интеграциите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 21, 2026

Техеран ја предупредува Бугарија: Не им дозволувајте на САД да ја користат вашата територија за напади врз Иран

ВЕСТИ July 21, 2026

Иран денес ја предупреди Бугарија да не им дозволува на САД да ја користат нејзината…

Метео: Врел воздух од Сахара се движи кон Европа – температури и до 47 степени

July 21, 2026

Официјално: Гостиварчани пиеле фекалии од чешма од 26 јуни до 16 јули – водата содржела 48 пати повеќе колиформни бактерии од дозволеното

July 21, 2026

Привдена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани и двајца нејзини соработници

July 20, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.