Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓународни набљудувачи: Изборите добро организирани-треба реформа на законската рамка

0
By Нова ТВ on May 6, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 6, 2019 15:22

Вториот круг на претседателските избори беше добро спроведен и помина во мирна и спокојна атмосфера. Сепак, и натаму загрижуваат недоследностите во законската рамка, заклучи меѓународната набљудувачка мисија за изборите во земјата на денешната прес-конференција.

Шефицата на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Корин Јонкер рече дека изборите биле добро организирани во мирен и спокоен изборен ден и оти тоа покажува колку многу може да се постигне доколку постои политичка волја. Истакна дека медиумите известувале транспарентно и непристрасно. Кампањата изобилувала со бројни дебати на двајцата кандидати со што се овозможило информиран избор на гласачите. Но, сепак, според неа, меѓународните набљудувачи изразуваат сериозна загриженост околу законската рамка.

– Во демократијата не се работи само за денот на изборите. Потребна е политичка волја за да се обезбеди дека вистински инклузивните законски реформи се проследени и со доследно спроведување што ја гради и одржува довербата на гласачите, рече Јонкер.

Таа како слабост го наведе фактот што нема доволна јасност за правилата за поднесување на извештаите за финансирање на кампањата.

На новинарско прашање да ги искоментира обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за изборни нерегуларности и дали нивната мисија забележала такви неправилности, Јонкер рече дека и тие се известени за тие неправилности.

– Бевме известени за тоа. Знаеме дека и министерот за внатрешни работи кажа дека ќе постапува по нив, а покрај овие и обвинувања и нашата мисија можеше да воочи купување гласови. За тоа ќе можете да прочитате во нашиот детален извештај, рече Јонкер.

Во врска со тоа дали нивната мисија регистрирала случаи на семејно гласање или гласање за друг, Јонкер потврди дека забележале случаи на семејно гласање и за тоа исто така  ќе биде наведено во нивниот детален извештај.

Специјалниот координатор и лидер на краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ Серен Мобурн рече дека овој изборен циклус имал успешна завршница и гласачите можеле слободно да направат информиран избор меѓу кандидатите.

– Вчерашната зголемена излезност на гласачите ја покажува одлучноста на населението да се обедини и да одговори на предизвиците со кои се соочува земјата. Сега преостанува политичкото лидерство да ја слушне оваа порака и да преземе вистински реформи што налага постојани политички одговори, со кохерентно и одржливо изборно законодавство, рече Мобурн.

Според неа, иако барањето за излезност од 40 проценти беше исполнето во овој случај, тоа, како што рече, создава потенцијал за повторени избори и оваа причина за загриженост ОДИХР ја има изразено и претходно. Таа истакна дека кампањата се спровела во мирно окружување и кандидатите и партиите вложиле напори да се обратат на етничките Албанци и на Ромите кај кои излезноста беше мала во првиот круг и истакна дека овој потег е за охрабрување.

Мари-Кристин Дало, шеф на делегацијата на ПССЕ изгласа дека гласањето во вториот круг било добро организирано, а гласачите како и во првиот круг можеа слободно да го направат својот избор, нагласувајќи дека изборите не се ограничени само на денот на гласањето.

– Делегацијата на ПССЕ смета дека на некои проблеми што постојано се јавуваат во изборниот процес и натаму не е одговорено, особено на потребата од реформа на Изборниот законик, како и на политичкиот систем во целина, за граѓаните повторно да се вклучат и да се обезбеди нивно активно учество вез оглед на етничката припадност, рече Дало.

Подвлече дека од клучна важност е да се зајакне транспарентноста и контролата на финансирањето на изборната кампања.

– Не треба да се дозволи прашањето на членство во ЕУ и НАТО да ги затскрие повторените проблеми во изборниот процес. Парламентарното собрание и Венецијанската комисија се подготвени да им помогнат на властите да ги спроведат неопходните реформи, истакна Дало.

Меѓународната мисија за набљудување на изборите во вториот круг се состои од околу 170 набљудувачи од 32 земји, вклучувајќи 156 долгорочни и краткорочни набљудувачи распоредени од ОДИХР, 11 парламентарци и претставници на ПС на ОБСЕ и пет од ПССЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.