Доктор Злате Мехмедовиќ портпаролот на советодавното тело на министерот за здравство, Беким Сали во гостување на „Утрински Брифинг“ излезе со шокантна информација дека имало манипулација со бројките на починати од ковид-19, и дека тоа е тема на која ќе се разговарало на Комисијата за заразни болести. Манипулативноста , според Мехмедовиќ била во тоа што требало да се разграничело кој умрел од ковид19 а кој умрел од друга болест но во моментот имал и ковид19 и е внесен во списокот на починати од ковид19.
„Да, точно е дека имаше манипулација со бројките, но за ова ќе се разговара на Комисијата за заразни болести. Факт е дека нашата земја е на шесто или седмо место во светот по број на починати, рече Мехедовиќ во гостување на „Утрински брифинг“, како одговор на прашањето зошто Македонија бележи високи бројки на смртни случаи од коронавирусот.
Вчера беа пријавени 22 починати лица плус дополнителни 12 од „Мој термин“, а во јавноста веќе подолго време има дилеми за тоа зошто се водат два регистра на починати лица.
„Се работи за Регистер на починати на Министерството за здравство, кој не се води во реално време, туку се води по пријави од матичните лекари. Станува збор за бавна администрација и ништо повеќе од тоа. Сѐ може да се сокрие, но не може да се сокрие кога некој ќе почине, вели д-р Мехмедовиќ.




