Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мехмедовиќ: Со новата влада ќе има лекови на рецепт во секое време

0
By Нова ТВ on April 8, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 8, 2017 17:25

Да беше избрана досега нова реформска Влада, за граѓаните ќе имаше достапни лекови на рецепт во аптеките во текот на целиот месец, наместо како сега луѓето да остануваат болни без лекови, велат од СДСМ.

„Знаат граѓаните дека одговорот што го добиваат во аптеките по 15-ти во месецот кога имаат потреба од лек е: “Нема, се потроши“. Родителите се принудени да купат сируп од 500 денари што го нема на рецепт, затоа што на болното дете дома мораат да му однесат лек. Најстрашното е тоа што голем број деца и граѓани остануваат без лекови, затоа што семејствата немаат пари да ги платат приватно.

Релевантното истражување за Европската комисија, Европскиот здравствен потрошувачки индекс покажува фрапантен податок. Погледнете: 75 проценти од вкупната продажба на лекови во Македонија паѓа на товар на граѓаните, а само 25 проценти на товар од Фондот за здравство. Македонија е меѓу последните 4 земји во Европа каде државата најмалку субвенционира лекови за своите граѓани.

 Ова на граѓаните на Македонија им го направија несовесните и неодговорни тендер политики на Никола Груевски и Никола Тодоров, кои се интересираат само за пари во нивните џебови, а не и за здравјето на граѓаните.рече на денешната прес конференција Злате Мехмедовиќ“, член на Комисијата за здравство на СДСМ.

Новата реформска Влада веднаш по формирањето ќе се зафати со решавање на овој проблем, за да се надмине состојбата со недостаток на лекови на рецепт по 15-ти во месецот и да има зголемена достапност на лекови. Ќе работиме на воспоставување  систем што ќе овозможи реално да се трошат месечните квоти на лекови. Нашата крајна цел е да има достапни лекови во текот на целиот месец.

Секој пациент заслужува квалитетен лек. Затоа, при изборот на лекови за позитивните листи, ќе учествуваат и претставници од здруженија на граѓани и засегнати болни од шеќерна болест, бубрежни болни, висок притисок, карцином, здруженија на пациенти со ретки болести, на пациенти со посебни потреби. На овој начин ќе обезбедиме граѓаните да ја контролираат државата какви лекови набавува и ќе овозможиме избор на квалитетни лекови и лекарски помагала, по најдобра можна цена, порачаа од СДСМ.

 

 

лекови рецепт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.