Брисел мора да ја плати својата „сметка по Брегзит“ вредна милијарди фунти, за откуп на британскиот удел во Европската инвестициска банка и други заеднички проекти, изјави Тереза Мејво интервју за „The Sunday Telegraph“.
Според британската премиерка „парите платени во минатото“ од Кралството треба да бидат одбиени од крајната сметка.
Таа смета дека Велика Британија има финансиски „права“, кои треба да бидат почитувани за време на преговорите за плаќањата, но има и „обврски“ кон заедницата, која ја напушта.
Позицијата на Меј е јасно отфрлање на цврстите барања на некои земји од Европската унија, според кои Кралството не може да бара враќање на нејзините удели од европските средства.
Според информациите кои доаѓаат од Брисел, се очекува преговарачите од страна на ЕУ да побараат сума меѓу 60 и 100 милијарди евра од Велика Британија за покривање на веќе договорените, но неисполнети плаќања.

