Британската премиерка Тереза Меј побара од ЕУ одложување на Брегзит до 30. јуни.
Во писмото до претседателот на Европскиот совет Доналд Туск таа да побара продолжување на рокот за Брегзит. Писмото го упатува непосредно пред одржување на самитот на лидерите на ЕУ закажан за следната среда.
Вакво барање Меј упати и на самитот што се одржа непосредно пред 29 март, датумот кога Британија првично требаше да ја напушти ЕУ.
Но, тогаш и беше понудено пролонгирање до 12 април – датумот до кој Велика Британија мора да се изјасни дали има намера да учествува на европските парламентарни избори – или ќе ја напушти Унијата до 22 мај, ден пред изборите.
Во нејзиното писмо таа вели дека “не може да се дозволи ќор-сокакот да продолжи”, бидејќи тоа “создаваа неизвесност и нанесува штета на довербата во политиката” во Велика Британија.
Таа рече дека ако меѓупартиските разговори со Лабуристичката партија не доведат до воспоставување “единствен унифициран пристап” во Парламентот на Велика Британија – од пратениците ќе биде побарано да гласаат за серија опции, а за возврат владата “е подготвена да ги почитува”.
Меј во писмото наведува дека Велика Британија предлага продолжување на процесот до 30 јуни и “го прифаќа ставот на Европскиот совет дека ако Обединетото Кралство се уште е земја членка на Европската унија на 23 мај 2019 година, ќе има законска обврска да се одржи избори “.
Но, таа истакнува дека доколку Договорот за Брегзит биде ратификуван од Парламентот пред тоа “Владата предлага тој период да биде прекинат” и Велика Британија да може да ја напушти ЕУ пред тоа и да ги откаже подготовките за европските парламентарни избори.
Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 12 април, рок што го одреди ЕУ доколку не биде прифатен Договорт што беше постигнат, кој даваше рок до 22 мај. Договорот за повлекување се уште не е одобрен од Парламентот кој вече три пати го отфрли.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск претходно предложи да и се дозволи на Велика Британија „флексибилно продолжување“ од 12 месеци за напуштање на ЕУ.
Според висок функционер од ЕУ, таквиот предлог би и овозможил на Велика Британија во рок од 12 месеци, но и порано да ја напушти ЕУ доколку Парламентот на таа земја го ратификува договорот. Сепак, со тој предлог би требало да се согласат и останатите членки на средбата што ќе се одржи в среда, јави Би-Би-Си.
Туск ќе ги убедува европските лидери дека на тој начин не би морале да се состануваат на неколку недели само за да го пролонгираат Брегзит.




