За време на расправата во американскиот сенат на тема Сирија, сенаторот Џон Меккејн на својот ајфон си играл покер.
Во изјава за СНН тој рече дека расправата траела речиси четири часа и му станала досадна.
Не обидувајќи се да ги демантира фотографиите направени од фоторепотерот Мелина Мара од весникот „Вашингтон пост“, Меккејн на својот Твитер профил прокоментирал „најлошо од се е што изгубив“.
„Колку и да сакам постојано со восхитувачко внимание да ги слушам забелешките на моите колеги во текот на три и пол часа, повремено ми станува малку досадно и бегам од тоа. Но најлошото е што загубив илјадници долари во оваа игра“, вели Маккејн. Сепак тоа се лажни пари.