Полицијата во Мексико Сити се судри со демонстрантите за време на операцијата да се расчисти плоштадот окупиран од штрајкувачи-професори, јавува Би-Би-Си. .
Специјалната полиција употреби солзавец и водени топови за да ги отстрани демонстрантите од главниот плоштад на градот, на Зокало.
Штрајкувачите- наставници кампуваа таму неколку недели. Некои одговорија со молотови коктели кога полицијата по владиниот рок се приближи кон нив.
Наставниците бараат измена на реформите во образованието одобрени од претседателот Енрике Пена Нието.
Властите рекоа дека сакаат да го исчистат Зокало за Денот на независноста, за време на викендот.
Повеќето од демонстранти се разотидоа мирно до крајниот рок во петокот. Но, некои останаа, а полицијата поддржана од оклопни возила и хеликоптери се судрија со демонстрантите кои фрлаа ракети на плоштадот и во околните улици.