Народниот правобранител Иџет Мемети на денешната средба со заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Азија, Хојт Брајан Jи, разговарале за актуелната состојба во општеството со посебен акцент на човековите слободи и права, соопшти Кабинетот на правобранителот.
Двајцата соговорници изразиле загриженост поради прекршувањето на правото на приватност со масовното прислушување и сериозноста од последиците кои можат да произлезат од евентуалното нерасчистување на случајот.
Ји ја нагласил важноста и улогата на Народниот правобранител во општеството, давајќи поддршка за неговиот став во однос на скандалот со прислушкувањето. Тој порачал и дека е од голема важност институциите да соработуваат со Народниот правобранител и да му овозможат квалитетно и непречено спроведување на постапката, се дознава од соопштението.



