Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мемети: Мигрантите се држат незаконски во Центарот во Гази Баба

0
By Менче Атанасова Точи on June 12, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 12, 2015 16:43


Во Центарот во Гази Баба има појава на заразни болести, а државата ги држи мигрантите како заложници во услови полоши од притвор, незаконски, со месеци, соопшти денеска Народниот правобранител Иџет Мемети.

Во моментот во Центарот се сместени околу 500 бегалци, а капацитетот на поранешната градинка која се користи како прифатилиште за странци, е за 100 до 120 луѓе. Таму веќе има шуга и вошки. По бунтот кој изби во ноќните часови, ситуацијата привремено е смирена поради ветувањето на Народниот правобранител дека ќе интервенираат.

Никој не знае во кој момент ситуацијата може да ескалира, особено што наближуваат рамазанските пости, а луѓето немаат услови да ги прават постите.

„Затекнавме катастрофална состојба, нехигиенски услови со кои се повредува човековото достоинство. Вчера таму имаше 28 жени и 35 деца, дете без придружба и бремени жени. Условите се полоши од протвор. Мажите спијат на под, без постелнина,жените и децата се сместени во две простории, а дел од нив спијат на подот во импровизирана кујна“, изјави Мемети.

Тој објасни, дека бегалците се жалат дека непотребно се држат таму со месеци, не си го знаат статусот, немаат кавлитетна здравствена заштита бидејќи единствениот лекар што доаѓа таму не може да пристигне да им помогне на сите. Екипата од институцијата Народен правобранител констатирала дека не постои документација, освен еден докумнт на македонски јазик кој не можат да го разберат.

Мемети вели дека мигрантите се жалат и на односот на вработените . Мигрантите се држат со месеци како сведоци во постапките за кријумчарите, иако законот за илегален влез во државата предвидува притвор од 30 дена, односно законот не предвидува дека мора да се држат таму вели Мемемти

„Загрижува лошата комуникација МВР, Јавниот обвинител и Судот. Нема комуникација меѓу министерствата, нема писмена коресподенција меѓу нив, не постојат документи за нивно носење на Суд или Јавно обвинителство, како и за дадена изјава. Недозолива е усната комуникација за статусот на бегалците, мора да постојат документи, “нагласи Мемети.

Тој нагласи дека слабостите на системот не дозволуваат никаква заштита на бегалците и дека е потребно итно донесување на Законот з а азил.

„Евидентно е слабото и непрофесионално менаџирање на МВР и другите министерства, како и државата. Бараме итно донесувањ ена Законот за азил и зголемување на капацитетите. Ние две години укажуваме на слабостите на системот и Македонија има обврска да го направи тоа.

На прашањето на НОВА ,дали ќе го искористат правото да поднесат кривични или прекршочни пријави, Мемети одговори дека ќе ја искористат таа можност во случај да констатираат кривична или друг вид на одговорност.

Утринава тој имал средба со министерот на МВР, Митко Чавков на кој му ги предочил сите слабости, како и можноста да се побара меѓународна организација која ќе помогне. Македонија е должна според меѓународните конвенции да обезбеди хумани услови за бегалците, рече Мемети.

Инаку, Законот за азил за кој се мислеше дека е стигнат во Собрание, воопшто не поминал на седница на Влада, така што најверојатно во понеделник ќе се најде на владина седница. Од потписот на премиерот Груевски ќе зависи дали законот ќе биде спроведен по итна постапка или ќе оди во редовна процедура.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
shortcut
ФОКУС
August 13, 2026Updated:August 13, 2026

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

ВЕСТИ August 13, 2026

Грчките централни но и локалните власти велат дека мачно но сепак пожарот го имаат под…

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

August 12, 2026

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.