Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мемети: Претставките до Правобранителот од правосудството се најбројни

0
By Нова ТВ on December 6, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 6, 2013 08:57

„Во Република Македонија се забележуваат извесни придвижувања во однос на човековите права кои даваат мал позитивен сигнал за подобрување, но далеку од тоа дека е доволно за јас како Омбудсман да бидам задоволен“, вели во интервјуто за МИА, народниот правобранител на Република Македонија Иџет Мемети во пресрет на 10 декември – Денот на човековите права.

– Сите институции треба да вложат уште поголем напор за да можеме да кажеме дека квалитетно и ефикасно им овозможуваат на граѓаните да ги остваруваат слободите и правата, рече Мемети.

Според него карактеристично за годината што изминува е фактот што претставките до институцијата Народен правобранител од правосудната област повторно се во најголем број.

– Ова го потенцирам затоа што минатата година за првпат претставките од областа потрошувачките права беа поброојни. Загрижува тоа што и годинава забележлив е трендот на одолжување на судските постапки, но и постапките по управните спорови што доведува до отежнат пристап до правдата, а тоа не е добро за општеството генерално, нагласи Мемети.

Иако незначително е намален бројот на претставките од потрошувачките права, сепак и 2013 година, како што вели, покажува тренд на кршење на правата на граѓаните како потрошувачи или како корисници на електрична енергија, топлинска енергија и други комунални услуги.

– Токму заради тоа се уште сметам дека е потребно надградување на правната регулатива, со цел непречено остварување на правата на граѓаните и почитување на принципите на пазарното стопанство и правото на избор на потрошувачот како корисник на одредени услуги, додава тој.

Преполнетоста во затворите доведува до кршење на правата на лицата кои се лишени од слобода.

– Во таа насока и понатаму не се исполнети меѓународните стандарди за 4м2 по лице во просторија за сместување, а во поголем дел од затворите е затекната состојба на сместување на повеќе од 5 лица во една просторија што е законски максимум согласно Законот за извршување на санкциите. Иако нашиот систем се заснова на рехабилитација, сепак во најголемиот дел од затворите тоа изостанува, а воедно и не функционира образовниот систем, што пак го зголемува ризикот од создавање на повратници. Воедно во поголем дел од установите беше забележано немање соодветни услови за приемните одделенија што доведува до ширење на криминогената инфекција, вели Мемети.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.