Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мемоарите на принцот Хари, насловени како „Резервен“, ќе излезат на 10 јануари

0
By Соња Крамарска on October 27, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мемоарите на принцот Хари, предмет на опсесивно исчекување ширум светот откако првпат беа најавени минатата година, излегуваат на 10 јануари.

Книгата ќе се вика „Резервен“ и издавачот Penguin Random House, ја опиша како „сурова, непоколеблива искреност“ и исполнета со „увид, откровение, самоиспитување и тешко стекната мудрост за вечната моќ на љубов над тагата“.

Во соопштението објавено денес, Penguin Random House ги врати сеќавањата на смртта во 1997 година на мајката на принцот Хари, Дијана, и на Хари и неговиот брат Вилијам, „одејќи зад ковчегот на нивната мајка додека светот гледаше со тага – и ужас“.

„Додека Дијана, принцезата од Велс, беше погребана, милијарди луѓе се прашуваа што мислат и чувствуваат нејзините синови принцовите – и како ќе се одвиваат нивните животи од тој момент па натаму“, се вели во денешното соопштение.

За Хари, ова е конечно неговата приказна. Насловот на мемоарите е очигледна референца за тоа дека тој е кралска „резерва“, а не прв во редот за наследување на тронот, по неговиот брат Вилијам, принцот од Велс, кој ќе го наследи Кралот Чарлс на престолот.

Книгата има 416 страници и ќе излезе на 16 јазици, од холандски до португалски. Исто така ќе биде објавена и во аудио издание што ќе го чита принцот Хари. Финансискиот аранжман останува тајна но Хари, војводата од Сасекс, ќе ги користи приходите од „мемоарите за да донира во британски добротворни организации.

Набљудувачите на кралското семејство и пошироката јавност бескрајно шпекулираа откако книгата за првпат беше најавена во јули 2021 година, опишана како „интимна и искрена“.

Доцнењето на книгата доведе до гласини дека Хари се двоумел да каже премногу за своето семејство или можеби го ревидирал наративот откако неговата баба, кралицата Елизабета Втора, почина во септември.

Извор: Асошиетед Прес

Мемоари Принцот Хари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.