Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меморијален центар АСНОМ- споменик на создавањето на современата македонска држава

0
By Marija Todorovska on August 2, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 2, 2024 12:17

Меморијалниот центар АСНОМ е важен дел од македонското културно и историско наследство, кој ги чува и оддава почит на хероите и настаните кои ја обликувале современата македонска држава. . Во целост, Меморијалниот центар АСНОМ игра важна улога во зачувувањето на историјата на Македонија, образованието на идните генерации и промовирањето на националната културна и историска свест.

Меморијалниот центар е посветен на Првото заседание на АСНОМ одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински и е клучен настан во создавањето на македонската држава. На АСНОМ била донесена одлука за создавање на федерална Македонија како дел од Југославија, земја во која сите грѓани се еднакви и рамноправни пред законите „не гледајќи нивната народност, пол, раса и вероисповеданије“. Првото заседание на АСНОМ ги утврдува правата на граѓаните за слободен национален живот, слободата на вероисповеста, говорот, здружувањето, како можноста на секој граѓанин и граѓанка да бираат и да бидат бирани на непосредни, тајни избори.

Контекстот во кој се случува легендарното заседание на АСНОМ, многу добро го отсликува членот 11 од Декларацијата на АСНОМ за за основните права на граѓанинот на демократска Македонија: Народната власт се стара да отстрани неписменоста и да ја подигне народната култура како и да осигура бесплатна просвета.

Комплексот се наоѓа крај реката Пчиња во селото Пелинце во Општина Старо Нагоричане на два километри оддалеченост од историското место каде е одржано првото заседание – манастирот Св. Прохор Пчински. Иницијативата за изградба на ваков центар дошла од страна на тогашниот министер за култура Благој Стефановски. Предлогот бил прифатен од страна на Владата.

За координатор на проектот за изградба на центарот Владата го назначила Горјан Тозија – Медо (1954 – 2023), истакнат македонски продуцент и поранешен директор на Агенцијата за филм и претседаел на Друштвото на филмски работници.

Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце е отворен на 2 август 2004 година, во повод на 60-годишнината од Првото заседание на АСНОМ од тогашниот претседател на Македонија, Бранко Црвенковски.

Комплексот има површина од 8,5 хектари и на него се наoѓаат: игралишта, ресторан, амфитеатар за приредби и музеј на АСНОМ во кој се пренесени спомен-плочите од Заседанието на АСНОМ што биле во манастирот Прохор Пчински. Проектант на Меморијалниот центар е архитектот Георги Константиновски.

На фасадата на музејот се наоѓа монументален мозаик од 140 квадратни метри – Македонија дело на македонски сликар Рубенс Корубин. Во музејот се наоѓа копија на собата во манастирот „Прохор Пчински“, во која се одржало Првото заседание на АСНОМ, до неа е и спомен-собата во која се изложени документите од создавањето на македонската држава.

Споменикот е изграден во традиционален архитектонски стил кој ги рефлектира македонските културни и историски корени. Архитектонскиот дизајн вклучува елементи кои ги прикажуваат важноста и тежината на настанот.

Главната зграда на комплексот има современи и естетски детали кои се комбинирани со традиционални македонски мотиви. Ова создава хармонија помеѓу модерното и традицијата. Внатре се наоѓа музејска поставка која ги прикажува документите, фотографиите и експонатите поврзани со Првото заседание на АСНОМ и борбата на македонскиот народ за ослободување. Постои обемна изложба на историски артефакти и информации за клучните личности од тоа време. Во комплексот се наоѓа специјална меморијална соба посветена на учесниците и хероите на АСНОМ, а дел од споменикот се и плочи со имињата на учесниците и важните фигури од АСНОМ..

Меморијалниот Центар АСНОМ во Пелинце е изграден по повеќегодишна неможност македонските официјални претставници и граѓаните слободно да одат во манастирот Прохор Пчински и да го одбележат овој пресуден момент од македонската НОБ и антифашистичка револуција.

Сега има место за славење на Првото заседние на АСНОМ, она што останува на наследниците на Асномците е да се навратат на повикот на нивните предци:

„Браќа Арнаути, Турци и Власи,
Поробувачите на Македонија од везден сакале да не разделат и скарат за полесно да ја владат нашата татковина и да ги грабат нашите народи. Тешкото минато ни покажа оти интересите на нашите народи са исти, а нивната садба заедничка. Во овие решителни моменти сите ние изградуваме слободна Македонија. Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме.“

Редакција Трн
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.