Американскиот војник Бредли Менинг се извини за тоа што им наштетил на САД оддавајќи им тајни на Викиликс.
На сослушувањето на кое се одлучува за висината на неговата казна, тој изјави: „Погрешно верував дека можам да го променам светот на подобро“.
„Како воопшто ми падна на памет дека можам да го променам светот“, го поренесува BBC неговото обраќање пред судот.
„Жал ми е што со своите постапки повредив луѓе. Жал ми е што им наштетив на САД. Се извинувам поради неочекуваните резултати од моите постапки. Научив многу во последните три години“, изјавил на сослушувањето Менинг.
Пресудата ќе биде донесена деновиве.